Естетска Дерматологија

Добредојдовте во најдобриот Центар за Естетска Дерматологија во Република Македонија!

La Bellezza Center е основана уште во далечната 1992 година. Горди сме на фактот дека сме пионери во развојот на концептот за естетска дерматологија и anti-aging третмани и медицина во Република Македонија.

Стручност, големо искуство, максимално одговорен пристап, 24 часа достапност за нашите клиенти. Постојаните стручни усовршувања и континуирано воведување на нови естетско-корективни и тераписки процедури како и современата технологија, обезбедува врвна услуга во нашиот центар.

Да се почитува природниот изглед на клиентот во пријатен амбиент-конфорт, индивидуалниот пристап со максималната дискреција и приватност за клиентите, се наша главна цел.

Ла Белеца Центарот досега ја има изградено довербата на повеќе од 5.000 клиенти од Република Македонија како и поблискиот и поширок регион.