Единствен апарат во кои истовремено се здружени кавитација, биполарна радиофрекфенца, вакум, инфрацрвени бранови, само во Ла Белеца!

Пристапете му на вишокот на килограми, целулит, масти и висната кожа со оваа неверојатна комбинација од 4 методи: Вакум, Инфрацрвени Здраци, Кавитација и Биполарна Радиофрекфенца.

Добијте го вашето тело од соништата, а за таа намена ви препорачуваме комбинација на овие методи со Криолиполиза но секако и физичка активност од по 1 час, 3 пати недело.

Креирајте тело со кое ќе сакате да се пофалите и нема да се срамите да го криете!

Вакум

Вакуумот нуди масажа, ја зголемува растегливоста на сврзното ткиво, доведува доток на свежа крв и кислород и по пат на лимфна дренажа, а активирајки ја лимфната циркулација доаѓа до постапно одстранување на вишокот течности и насобраните штетни метаболити. Сврзното ткиво постанува еластично и доаѓа до измазнување на вдлабнатини и избочините на портокаловата кожа, а резултат е убава глатка и напната кожа. Вакуум лимфната дренажа го засилува дејството на останатите методи, а воедно е многу пријатна.

Пореметувањата во циркулацијата на крв и лимфната дренажа се една од главните причини за несаканите промени на кожата и поткожното ткиво. При тоа, штетните материи настанати во процесот на метаболизмот се насобираат во поткожјето. Сврзното ткиво прекумерно буди и последица од тоа е т.н. кожа на портокал, целулит.

Вакуум (ендомасажа)-та се третира како масажа која се работи длабоко во областа на хиподермисот. Разликата со рачна масажа е во тоа што при рачна масажа ткивото се потиснува према внатре, а кај ендо масажата, масажата потиснува од внатрешноста на ткивото спрема горе. Вакуумот помага да се разгради стврднатото ткиво, ја зголемува еластичноста и подобрува текстурата на кожата. Помага во преобликување на телото, зацврстувајки ги третираните делови.

Инфрацрвени бранови

Инфрацрвената светлосна терапија е многу стара метода во медицинската пракса. Тоа е уникатна метода на лечење каде инфрацервените зраци се употребени за третман на заболувања. Во овој процес, повредените места се експонирани на инфрацрвена радијација – зрачење, на специфична количина. кое резултира со брзо олеснување, растоварување од непријатната болка. Инфрацрвената светлина, зраци се електромагнетни бранови чија бранова должина е подолга од оние на видливиот дел на светлината и пократка од радиобрановите. Препознатлива каректеристика на инфрацрвената светлина е таа што ги има сите бенефити на природните зраци на сонцето без топлотните ефекти на соларната радијација. Пенетрираат 2-3цм длабина во нашето тело, го смируваат нервниот систем, стимулираат жлездите кои се одговорни за ослободување на ендорфин во телото кои ја ублажува болката.

Радиофрекфенца

Електромагнетна енергија причинува топлинска сензација, го зајакнува постојниот колаген, а создава нов ефект на затегната кожа.

Иновативен радиофреквентен апарат наменет за убавина и здравје и сигурен за сите типови на кожа. Дејствува на принцип на брза измена на поларитетот на електричното поле, што пак наизменично ги привлекува и одбива електроните и набиените јони во кожата и поткожното ткиво. Природниот отпор на ткивото (импенданса) на тоа одговара со развој на топлина, што пак последователно доведува до вазодилатација, го подобрува локалниот метаболизам, го зголемува мускулниот тонус, растегнува ткивото и активира фибробластите како и создавањето на нов колаген.

Резултатот е видно подобрување на изгледот и тонусот на кожата, која станува затегната, мазна и делува значително помлада во однос на изгледот пред терапијата

Кавитација

Комјутерски контролиран апарат, интелегентен дизајн кој во себе обединува 4 различни методи (апарати) неопходни за решавање на проблемите со целулитот, поставени во 2 сонди за тело и 2 за лице кои истовремено делуваат на вашата третирана кожа и подкожни структури и кои доведуваат до фантатични резултати.

Неинванзивна, безболна, сигурна и брза алтернатива на хируршката липосуцкија. Брза и ефикасна метода со едноставна примена, нежна и неинвазивна терапија за успешно намалување на целулитот и локални масни наслаги. Прецизно одстранување на локалните масни наслаги и целулитот на стомак, задница, бутини, колена, надлактици.

Ефектот од терапијата започнува веднаш, веќе по првиот треман.

Емисија на ултразвучни бранови доведуваат до кавитациски феномен во масното ткиво (липолиза) што има за последица разбивање на масните клетки до масни киселини и глицерол, кои пак се вклучуваат во нормалните метаболитички процеси во црниот дроб. Ослободената маст се усмерува спрема лимфните садови и се елиминира од телото по природен пат на лимфна дренажа. Затоа после кавитација веднаш се препорачува засилена лимфна дренажа во Скафандер за Лимфна Дренажа – 30 минути.