4 пати поголеми ефекти, 4 пати поголеми резултати! Како работи 4-Д Ултразвучната Кавитација?

  • Интензивна физичка липолиза за одстранување на масти од стомакот, половината, грбот, задникот, рацете
  • Вишокот на масни клетки се топи
  • Телото слабее, се намалува целулитот
  • Се ослободува обструкцијата од каналите и колатералите
  • Промовирање и забрзување на метаболизмот на телото

Погледнете го ова видео пред да прочитате повеќе за Кавитацијата и најновата 4-D Ultrasound Cavitation

Главата на 4-Д кавитацијата се состои од 4 глави на кавитации поставени под различни агли. Секоја од нив емитува ултразвучен звук-енергија од по 40-50-kHz од две одделни модулации и 4 различни модели на фокусирање врз проблематичната зона која продира во кожата на длабочина од околу 8-9 mm.

Досегашните стандардни и обични кавитации продираа во длабочината на амсното ткиво само од 2-3 mm! 

4-Dimensional Ultrasonic Cavitation Inch Loss – Newest perfect slim 4-D Lipo Cavitation

Терапевски ефекти

Притисок од 40-50 kHz кои се формира врз масните клетки (познати како адипоцити) предизвикуваат клеточните мембрани на адипоцитите да пукнат при што доаѓа до ослободување на содржината во просторот помеѓу масните клетки (интерстицијален простор).

Содржината на масните клетки (масни киселини, триглицериди и вода) се прелеваат надвор од скршените клеточни мембрани и се пуштени во интерстицијалниот простор. Овој механизам на дејствување не е топење на масти, тоа е всушност инстант празнење на маснотии надвор од клетките, а не уништување на истите.

Затоа втората модулација е одговорна да предизвика позитивен бран, притисок во интерстицијалниот простор и промовирање на забрзана лимфна дренажа.

Овој неверојатен процес се одвива без да влијае на соседните структури како што се кожата, крвните садови и периферните нерви!

Се препорачува во рок од 48 часа по третманот превземање на некоја форма (по можност кардиоваскуларни) вежби за да се подигне, забрза вашиот метаболизам и да ви обезбеди да се задржат резултатите постигнати за време на третманот.

За оние пак кои не се љубители на физичка активност, препорачуваме:

  • скафандер за лимфна дренажа
  • антицелулитна масажа
  • LPG, мултиполарна радиофрекфенца
  • Инверзна осмоза или електростимулации

Сите овие третмани ќе ви го забрзаат ослободувањето на горивото од телото. Вашето тело ќе ги користи расположливите горива во крвта која ги вклучува масните киселини и триглицеридите ослободени од страна на третманите со 4-Д кавитација.

Откако горивото во крвотокот е истрошено, вашиот црн дроб ќе започне да ги користи останатите масни депозити почнувајќи од оние кои му се најлесни да ги скрши, а тоа се третираните површини, за понатамошно гориво. Затоа, дури и ако сте се обиделе со други ултразвучни кавитациски третмани, тие едноставно не можат да се споредуваат со неверојатните резултати кои можат да се постигнат со нашите нови третмани со 4-Д кавитација.

Секој третман се состои од 20,30 или 40 минути, 2 до 3 пати неделно, по регија која нашиот лекар специјалист ќе ви ја препорача спрема индивидуалната здравствена состојба.

Како да достигнете максимални ефекти од оваа метода?

За постигнување на неверојатни и заудувачки резултати кои ќе траат во наредните 6 месеци па и повеќе од 1 години со правилно одржување, ви препорачуваме следно:

Не сте во можност да одите во теретана? Немате време за посетување на некоја спортска активност или да членувате во клубови за разни физички вежби за подобрување на здравјето и одржување на формата? Не се секирајте. Ла Белеца ви спреми VIDEO Tutorial како да го правите истото од дома. Ви препорачуваме најмалку 3 пати неделно да ја следите оваа процедура. Во прилог, погледнете го видеото.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk