Мезо-Конци [4D Facelifting, Skinlifting without surgery] е метода која користи потполно резорбирачки конци кои се вбризгуваат на различни нивоа на вашата кожа, а тие делуваат одвнатре со комбинација од 4 методи – ревитализација, регенерација, зацврстување и појачување на тонусот на кожата кои се особено битни за кожата на лицето, вратот, а и целото тело.

Ефектот на мезо-конците е моментален, а со нивната ресорпција доаѓа до формирање на нов колаген и еластин кој апроксимативно во период од 90 дена е формиран во дебелина од 1-3 милиметри, што и дава дополнителен зацврстувачки и ревитализиран изглед на вашата кожа на лице, врат, деколте, виснати надлактици, опуштен стомак и слично.

Какви се индикации вклучува користењето на Мезо-Конците?

  • Пополнување на дупки на лицето
  • Набори на лицето и регијата околу носот и усните
  • Брчки околу устието и брадата
  • Брчки околу очите и на челото
  • Затегнување на кожата на лицето и добивање на сјаен, цврст и младолик изглед
  • Разлабавена кожа особено на вратната регија, деколте, како и на градите
  • Природно затегнување на разлабавени гради
  • Затегнување на висечка кожа на било која регија на телото вклучувајќи абдомен, нозе, раце
  • Затегнување на кожата после Бременост или Липосукција

Делови од телото каде што можете да ги аплицирате Мезо-Конците за да ги постигнете горенаведените ефекти!

Техника на аплицирање и состав

Состав на Мезо-Конците (polydioxanone absorbable, hypoallergenic). Тие се аплицираат со специјални игли дирекно во вашата кожа. Пред апликација, на кожата се нанесува анестетик во вид на крем кој ќе ви ја намали болката до максимум, дури и понекогаш и воопшто не се чувствува целата процедура.

Уште еднаш да повториме дека овие конци се целосно абсорбирачки, не може да предизвикаат алергиска реакција, а при нивната бавна и долга разградба всушности тие активираат процес на неоколагеназа која го прави главниот ефект на конците односно создавање на нов и млад колаген и еластин, кои се главните градбени елементи во вашата кожа.

На што треба да запазиме при една ваква процедура?

  • Во наредните 4-5 дена, треба да се одбегнуваат мимики (смеење, џвакање) на нашето лице
  • По можност во следните 4-5 дена, да избегнеме физичка активност
  • Да одбегнеме масажи на лицето, користење на сауна или солариум
  • Во првите 10 до 15 дена да одбегнеме користење на пилинг на лицето, дермоабразија, масажи

Како да го појачаме и подобриме ефектот од мезо-конците?

Научно е докажано дека користењето на мезо-конци во комбинација со Хијалурон, ПРП (Platelet Rich Plasma) метода ќе доведе до неверојатно зголемување и забрзување на ефектот на мезо-конците.

Видео – начин на аплицирање на Мезо-Конците

ЦЕНА: од 400 до 600 денари по конец. Апликацијата на типот и бројот на конци зависи од индивидуалните потреби.

Во Ла Белеца Естетска Дерматологија, имате можност да бидете третирани од естетски дерматолог, специјалист по дерматовенерологија Д-р Наташа Марковска Василевска.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432
Е-mail: info@labellezza.com.mk