Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и Здравје5 бенефити од хијалурон за МАЖИ

5 бенефити од хијалурон за МАЖИ

Зошто хијалуронот е неопходна состојка за нега на кожата кај мажите?

Постојат многу производи, но и процедури за нега на кожа. Читајќи на интернет ќе може да се „удавите“ во морето на информации, налетувајќи на мал милион продукти и состојки. Тоа е фрустрирачки, особено ако немате познавање. Или пак, доколку сакате да одбегнете потенцијални „штетни“ компоненти кои сакате да ги одбегнете, дали поради алергија или пак бидејќи не се соодветни за вашата кожа.

Затоа, тука сме да ви ја „упростиме“ потрагата: Зошто е важна хијалуронската киселина и кои се 5те бенефити за мажи?

Хијалуронска киселина е природно присутна супстанца која се наоѓа во кожата, течностите во зглобовите и сврзното ткиво кај луѓето и животните. Кај луѓето, 50% од хијалуронската киселина која се наоѓа во организмот е содржана во кожата. Затоа, третман со хијалуронска киселина е една од најприродните процедури во естетската медицина. Третманите може да бидат:

  • Со продукти за секојдневна домашна употреба;
  • Хијалуронски филери: Познати и како дермални филери односно „боцки“;
  • Мезотерапија со коктел од хијалуронска формула;
  • Луксузни терапии со хијалурон како Profhilo, S-line и слично.

#1 Овозможува максимална влажност на клетките на кожата

Научниците откриле дека губењето на хијалуронска киселина е еден од клучните фактори во процесот на стареење. Тоа е така затоа што „епидермисот (површниот слој на кожата) ја губи основната молекула одговорна за врзување и задржување на молекулите на водата, што резултира во губење на влажноста на кожата“.

#2 Ја менува штетата предизвикана од навиките на животниот стил

Некои животни навики како пушење, пиење и лоша исхрана, можат да имаат негативно влијание врз вашата кожа. Дури и ако сте направиле промени или да ги напуштите овие лоши навики, преостанатите ефекти можат да останат со вас. На пример, пушењето ја намалува количината на хијалуронска киселина присутна во надворешниот слој на вашата кожа.

#3 Ја прави кожата сјајна, нежна, а сепак природна – да блеска! 

ЗОШТО КОЖАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ НЕ ИЗГЛЕДА „СЈАЈНО“ КАКО КАЈ МЛАДИТЕ И ДЕЦАТА? Како што старееме, стапката на “turn-over” односно преобразба на нашите клетки се забавува. Што значи тоа? Постарата кожа односно мртвите клетки од кожата, подолго време седат на горниот нејзин слој. На тој начин, се губи сјајот, а и самиот изглед.

Најдобар начин за отстранување на мртвиот слој на кожата е дијамантска микродермабразија, а препорачлива е секогаш во комбинација со класичен „facial“ третман.

#4 Помага против UV-зрачењето кој е најголем фактор за стареење на вашата кожа!

Американската академија за дерматологија и естетска медицина, препорачуваат апликација на заштитен фактор секој ден. Денес, најголем дел од кремите со хијалурон содржат и фактор. Наутро, при станување, измијте го вашето лице и нанесете дневна крема со фактор.

#5 Природно и неиритирачко дејство

Иритација на кожата предизвикана од производи за нега на кожата е лош знак и не смее да се случи! Дури и ако имате чувствителна кожа, заслужувате да имате сигурни, неритирачки производи што ќе ви донесат резултати. Без главоболки, црвенило, чешање и испади.

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Filler, Skin, Skincare, Beauty & Cosmetics.
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular