Wednesday, April 24, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и Занимливости50 нијанси на ЦРВЕНО: Fifty Shades of RED

50 нијанси на ЦРВЕНО: Fifty Shades of RED

Естетската медицина и козметологија се науки за кои е потребна работа од лекари или врвни здравствени специјалисти (пример: дерматолози, хирурзи и останато). Кремот во светската дерматологија е во американските академии за естетска медицина (каде се обучуваме) и дерматологија.

50 нијанси на црвено: приказ на различни случаи како вашето лице или тело можат да бидат црвени во „позитивна“ смисла, но и црвени во негативна.

#1 ЦРВЕНИЛО НА РАЦЕТЕ

Секогаш се почнува со лошите вести, па така и сега ќе започнеме со црвенило на рацете како и дерматолошки совети од американската академија за дерматологија.

Осипот на рацете може да биде фрустрирачки особено кога не е позната причината за истиот. Тој се случува од две причини: надворешна иритација или пак внатрешен процес во вашето тело. Иако егземата е најчеста причина за појава на осип на рацете, сепак тоа може да биде и од алергиска реакција, недоволна нега.

Дерматолошки совети за спречување на осип на рацете се следни: а) Правилна хидратација на рацете б) Доколку миете садови или работите работа каде сте изложени на иританти, секогаш носете соодветна заштита!

#2 Црвенило налик убод од плеча или стршлен: најнова естетска процедура достапна за прв пат во Македонија, ПРОФИЛО – Profhilo®

Формула која се разложува низ целата регија: Како стабилизиран производ Profhilo® активно дејствува во кожата околу 28 дена. За ова време, стимулацијата на 4 различни типа на колаген и еластин се одвива со бавно ослободување на хијалуронска киселина. Се користи за: комплетна регенерација на вратот како и обнова на структурата на лицето.

#3 HAIR-REMOVAL: Црвенило од пост-третман на ласерско отстранување на влакна.

Што да очекувате од ласерското трајно отстранување на влакна? (ВИДЕО)
Тоа е процедура каде што се таргетираат и уништуваат фоликулите на влакната како и местото познато како булбус кое содржи матични клетки. Тие клетки ги делат и регенерираат не само новите фоликули на косата туку и жлездите. Пост-третман терапијата, најчесто е проследена со црвенило и можен мал оток.

Пролет-лето пакети за ласерско отстранување на влакна: ЛА БЕЛЕЦА ЦЕНТАР.

#4 „Позитивно“ и корисно црвенило со примена на ПРП Метода: стимулација на матични клетки со GROWTH FACTOR.

ПРП методата ја регенерира и ревитализира кожата. Тоа се постигнува со примена на growth factor (ГФ), фактор на раст на клетките. Факторот на раст е клеточен протеин кој е вклучен во одредени природни механизми на регенерација на кожата.
Моментална промоција на ПРП: 7.000 денари со класичен дерматолошки третман и дијамантска микродермабразија на лице и врат.

Процесот на стареење неможеме да го сопреме, но можеме да го успориме со методата на создавање на нови млади клетки. Оваа метода влијае во процесите на:

  • засилена синтеза на колагенот и еластинот
  • стимулира раст и репродукција на клетките
  • ја обновува капиларната мрежа
  • го забрзува зараснување на раните, стриите и други лузни

#5 PRX-T33 во комбинација со micro-needling 

Најновите достигнувања за ревитализација на кожата кои моментално ќе ви ја зацрвенат кожата, но деновите што следат, вашето лице ќе блесне со комплетно нов сјај.

Цената на поединечен третман е 3.000 денари. Се препорачува комбинација од 3 основни третмани, еднаш неделно. Цената за пакет од три третмани е 7.500 денари.

#6 SEBORRHEIC DERMATITIS 

Себореичен дерматитис е честа состојба на кожата која предизвикува црвен осип. Се појавува најчесто на лицето. Осипот предизвикува реакција и ја прави кожата да изгледа масна (приказ на слика). Кожата е исто сува и лушпеста.

#7 ROSACEA

Розацеа – црвени образи како естетски проблем. Додека во минатото црвените образи претставувале знак за добро здравје, во денешно време тие претставуваат естетски проблем кој ја намалува самодовербата и затоа бара соодветен третман. Еден од најчестите причинители за ова црвенило кое не поминува е една кожна болест позната под името розацеа.

#8 Црвенило поради замрзната кожа. 

Замрзнување на масно ткиво се работи со најнов модел на апарат на КРИОЛИПОЛИЗА или познато како Cool-sculpting. Принципот се потпира на контролиранo наизменично загревање и ладење за не-инвазивни локални намалувањa на масни депозити и преструктуирање нa контурите на телотo. Изложеностa на ладење е поставена така што тоа предизвикува клеточна смрт на поткожното масно ткиво без очигледна штета на кожата. Постапката е најавена како нехируршка алтернатива на липосукција.

#9 ИРИТАЦИЈА или АЛЕРГИСКА реакција

Состојба наречена контактен дерматитис се развива кога нешто што ја допира вашата кожа или ве иритира или предизвикува алергиска реакција. Лицето е често место и таргет за контакт дерматитис. Сапун или боја за коса може да ја иритираат вашата кожа, предизвикувајќи состојба позната како иритирачки контакт дерматитис.

Ако сте алергични на тоа што го допира вашето лице, може да развиете алергиски контактен дерматитис. Вообичаени причини за алергиски контактн дерматитис вклучуваат разни отровни иританти, мириси и латекс…

#10 РЕАКЦИЈА НА ЛЕКОВИ

Некои лекови може да предизвикаат реакција слична на изгорениците кои ги добивате од сонце. Користењето на некои лекови и креми подолго од препорачаното, може да доведе до реакција. Таков пример е хидрокортизон крема (кортикостероид).

#11 Нежно црвенило кое поминува додека си отидете дома при третман со CYTOCARE S-Line: Француска нега на врат, лице и околу очи.

CYTOCARE S-Line е најдобрата и луксузна колекција на француската фирма RevitacareⓇ. Се администрира со микро-инјекции во површен или среден дермис и може да се користи за лицето, вратот и задниот дел од рацете. Овозможува интензивна хидратација, ја обновува сјајноста и ја подобрува еластичноста. Одличен избор за безбедно, ефикасно и неинвазивно подмладување на лицето.

Цена: 150 евра. Зошто да се одлучите за S-Line колекцијата на CYTOCARE:

  • Регија: Crow’s feet (околу очи) – комплетна регенерација
  • Ја измазнува кожата околу устата
  • Антиоксидантно дејство
  • Зголемува сјајност и светлина
  • Долготрајни природни резултати
  • Соодветен за сите типови на кожа од сите возрасти

#12 АТОПИЧЕН ДЕРМАТИТ

Атописки дерматитис е најчесто хронично заболување на кожата кај децата кое што настанува поради сложено взаемно дејство на надворешни и генетски фактори. Прв и основен симптом на атопискиот дерматитис е појава на силно и упорно чешање, поради што се вели дека тоа е „чешање од кое што настанува исип, а не исип кој чеша“.

#13 АКНЕТЕРАПИЈА

Убавината и копнежот по подобар изглед бил секогаш во мода. Без разлика дали се работи за 18, 19, 20 или 21 век. Во видеото на познатите ALLURE, ве носиме низ последните 100 години и трендовите на акнетерапија. Црвенилото е „најдобар“ пријател на акнетерапијата и секогаш одат заедно. Тоа може да потрае и неколку дена, но резлутатите во наредните месеци дефинитивно ќе се исплатат.

Погледнете ги последните 100 години на третмани против акни, од третмани со сув мраз во 1910-тите, до УВ-светла во 1960-тите, па сè до третмани од 2010-тите.

При посета на лекар, салон за убавина, спа центар или слично, постојат повеќе од 100 начини како вашето лице или тело би постанале црвени. Сепак, во најголем дел од случаевите, тоа е сосема нормално или пак се третира соодветно од професионално лице. Затоа, многу е важно да знаете на кого му ја давате вашата доверба! Во Ла Белеца центарот работат стручни лица, лекари и специјалисти во областа на медицина и дерматологија, обучени од најдобрите светски академии за естетска и козметолошка медицина.

За крај, би ви посакале да останете здрави и безбедни во време на пандемија, почитувајте ги препораките и заштитете се себе и другите: користете маски! 

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: бул. Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular