Thursday, March 28, 2024
spot_img
домаНовости и БлогАмериканските дерматолози: Неколку причини за црвенило на лицето

Американските дерматолози: Неколку причини за црвенило на лицето

Црвенилата на лицето и кожата се последица на многу различни работи како исфрлања, акни, изгореници, болести, итн. Која и да е причината за појава на црвенилата, тие се секогаш непосакувани.

Американската академија за дематологија ви издвојува најчести причини за црвенило на вашата кожа и лице:

1.SEBORRHEIC DERMATITIS 

Себореичен дерматитис е честа состојба на кожата која предизвикува црвен осип. Се појавува најчесто на лицето. Осипот предизвикува реакција и ја прави кожата да изгледа масна (приказ на слика). Кожата е исто сува и лушпеста.

2.ROSACEA

Розацеа – црвени образи како естетски проблем. Додека во минатото црвените образи претставувале знак за добро здравје, во денешно време тие претставуваат естетски проблем кој ја намалува самодовербата и затоа бара соодветен третман. Еден од најчестите причинители за ова црвенило кое не поминува е една кожна болест позната под името розацеа.

3.ИРИТАЦИЈА или АЛЕРГИСКА реакција

Состојба наречена контактен дерматитис се развива кога нешто што ја допира вашата кожа или ве иритира или предизвикува алергиска реакција. Лицето е често место и таргет за контакт дерматитис. Сапун или боја за коса може да ја иритираат вашата кожа, предизвикувајќи состојба позната како иритирачки контакт дерматитис.

Ако сте алергични на тоа што го допира вашето лице, може да развиете алергиски контактен дерматитис. Вообичаени причини за алергиски контактн дерматитис вклучуваат разни отровни иританти, мириси и латекс…

4.РЕАКЦИЈА НА ЛЕКОВИ

Некои лекови може да предизвикаат реакција слична на изгорениците кои ги добивате од сонце. Користењето на некои лекови и креми подолго од препорачаното, може да доведе до реакција. Таков пример е хидрокортизон крема (кортикостероид).

5.АТОПИЧЕН ДЕРМАТИТ

Атописки дерматитис е најчесто хронично заболување на кожата кај децата кое што настанува поради сложено взаемно дејство на надворешни и генетски фактори. Прв и основен симптом на атопискиот дерматитис е појава на силно и упорно чешање, поради што се вели дека тоа е ,,чешање од кое што настанува исип, а не исип кој чеша“.

За нега на вашата кожа во текот на целата година ви препорачуваме редовни третмани на лице кај професионално обучен персонал, лекар или дерматолог. Класичните професионални третмани, таканаречените “facials” најдобро почетно решение за нега на кожа и треба да се прават еднаш во месецот.

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: бул. Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular