Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеАмериканските дерматолози: Како до подобра кожа?

Американските дерматолози: Како до подобра кожа?

American academy of dermatology: Skin care secrets for healthier-looking skin!

Секој од нас, без разлика дали се работи за маж или жена, сака подобар изглед. Најлесен начин за подобар, посјаен и едноставно блескав изглед е добра и млада кожа. Ла Белеца центарот заедно со Американската академија за дерматологија и естетска медицина, ви открива неколку кратки но важни работи за вашата кожа да изгледа феноменално:

1.Апликација на фактор за заштита од сонце секој ден, неколку пати во денот! 

Без разлика дали сте на плажа или излегувате на работа, дали одите на кафе или на прошетка во парк, дали е пролет, лето, есен па и зима, секогаш со вас треба да имате фактор за заштита на кожата. Аплицирајте го неколку пати на ден на региите што се најмногу изложени на сонце.

2.Престанете да пушите! Цигарите го уништуваат вашиот физички изглед.

Еве како влијае пушењето на кожата:
• предвремено стареење
• брчки
• телеангиектазија (spider veins)
• дисколорација (нееднаков тен)
• посува кожа
• псоријаза
• рак на кожа (пушењето ги зголемува шансите за развивање на сквамоцелуларен карцином)

Во медицината е прифатен терминот „лице на пушач“ (smoker’s face), кој се користи за да опише одредени карактеристики на лицето кои се последица од пушењето и се заеднички за повеќето пушачи, како брчки околу устата и очите, предвремено остарена кожа и жолтеникав тен.

Цигарите содржат јаглерод моноксид кој го заменува кислородот во крвта и никотин кој ги стеснува крвните садови и го намалува протокот на крв. На овој начин кожата започнува да ја губи својата еластичност и станува посклона кон создавање брчки.
Колагенските влакна се одговорни за еластицитетот и јачината на структурата на кожата. Пушењето доведува самите тие да се оштетат и да се распаднат, со што се забрзува природниот процес на уништување на колагенот и со тоа се менува флексибилноста и текстурата на самата кожа.

3.Не се изложувајте премногу на сонце или солариум. Користете спрееви или креми за потемнување!

Препарати како SUNFIX (достапен во Ла Белеца), се лидери во здравото потемнување. Тоа е така поради следните причини:

  • Дерматолошки и професионален апарат
  • DHA – Di-Hidroksi-Acetone – активна компонента во препаратот ги заситува мртвите клетки во најдлабокиот слој на кожата
  • Апарат од Данско потекло, одобрен од FDA, без штетно влијание на УВ зраци
  • Најпрепорачливо за лица со склоност на алергии на сонце, подеднакво ефикасен и за возрасни но и посебно погоден за деца
  • Трајност од 7-10 дена, цена прилагодлива за сечиј буџет: 1.500 денари третман

4.Користете препарати наменети за вашиот специфичен тип на кожа

Типот на кожа најдобро ќе го одреди вашиот лекар или дерматолог. Затоа, американската академија за дерматологија како и за академијата за естетска медицина, препорачуваат еднаш месечно да посетувате салон за убавина или медицинско-козметолошки центар за редовни facial третмани [класичен третман]. Не дозволувајте вашиот третман да го прави лице кое не е во најмала рака лекар, а најдобро е да биде специјалист дерматолог.

5.Вежбајте и намалете го стресот!

Стрерсот влијае на целовкупното здравје (well-being). Редукција на стрес е корисна како за свеж и помлад изглед, така и за здраво тело и дух. Се препорачува:

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular