Saturday, April 20, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеАкни, цисти, кожни проблеми...

Акни, цисти, кожни проблеми…

Кожата е најголемиот орган во телото, воедно и еден од најкомплицираните. Има многу улоги во одржувањето на животот и здравјето, но има и многу потенцијални проблеми, со повеќе од 3.000 можни заболувања на кожата. Како најчест и најголем проблем, како во тинејџерски денови така и во 20тите и 30тите години, се акните. А уште полошо, цистите.

Сигурно веќе сте прочитале дека акните „не треба сами да ги стискате“ и дека „треба редовно да го миете лицето, вадите шминка пред спиење (доколку сте женско)“ и слично. Па затоа, ќе се обидеме да ви кажеме некои дополнителни важни фактори и најчести грешки кои ги правиме дома.

Најчеста грешка: Менување на терапијата во брз рок! 

Лицата кои не побарале професионална помош од дерматолог се служат со разни препарати или креми. Но, поголемата грешка при терапија на акни е користење на различни терапии во многу брз период, а и често менување на продуктите.

Што да направите како предлог? Дајте и време на терапијата да делува.

Немојте да менувате терапија/продукти пред да поминат 6 до 8 недели! Да, најчесто третманите траат подолго од што очекувате, а доколку сакате побрз и поефикасен третман, треба да посетите професионалец, лекар или дерматолог.

Секој третман на акни, цисти или слични проблеми бара почетен “facial” третман! 

Во денешниот свет на луксуз, инстаграми, филтри на социјални мрежи, но и преголема достапност на информации, сите сакаме сѐ и веднаш. Сепак животот не функционира така едноставно. Така и вашата кожа. Постојат мал милион препарати за кожа и да, најголем дел од нив се предобри! Но тоа не значи дека ќе ви помогнат. Еве зошто:

Пред да почнете со било каква терапија против акни, првиот чекор е “facial” третман. Акните се како испакнати торбички полни со бактерии и маснотии. Овие торбички се составени од жлезди кои секретираат масла (sebaceous glans) кои најголем дел се лоцирани на нашето лице. Маслата се движат надвор од овие жлезди преку нашите пори. Но, понекогаш мртвите клетки и бактериите навлагаат во порите и ги блокираат.

Во Ла Белеца центарот работат стручни лица, лекари и дерматолог со повеќе од 29 години искуство во медицина но и акнетерапија. Пред било каков вид на останата интервенција, темелно го чистиме вашето лице.

Понатамошниот третман на кожни проблеми како акни, цисти или слично ќе го одредиме на лице место и доколку има потреба. Постојат повеќе видови на третман како хемиски пилинзи (најнова формула!), ласери, препарати и слично.

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 29 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Skin, Acne, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular