Tuesday, April 16, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеЕстетика и козметологија: Адаптација кон разновидноста!

Естетика и козметологија: Адаптација кон разновидноста!

Естетските трендови во медицината и козметологијата се моментално најбрзо растечки тренд на глобално ниво. Обострано, и кај мажи и кај жени. Убавиот, но и свеж изглед е клучен во многу аспекти од нашето секојдневие. Тајната на успехот во постигнување на целта при избор на медицински или козметолошки третмани лежи во комбинирана терапија. Сепак, треба да знаете КАКО и ШТО да искомбинирате! Не секоја терапија е соодветна за секого и не секое тело е добар кандидат за посакуваната процедура.

Како да изгледам добро во време на акцелерација?

Во време на акцелерација, времето за фамилијата, за себе и за бизнисот, личниот изглед како и здравјето се најбитниот триаголник на среќата. Балансот помеѓу овие 3 работи резултира со среќа и задоволство.

Американската академија за дерматологија како и асоцијацијата за естетска медицина и козметологија, на својот веб-сајт имаат натпис: Доколку сакате здрава и свежа кожа како и убав изглед, посетете професионално и стручно лице. Дали знаете лекарите со специјалистичко искуство во дерматологијата може да дијагностицираат повеќе од 3.000 болести? Неколку совети за комбинирана односно шарена терапија од Ла Белеца центарот.

1.КОМПЛЕТНА ОБНОВА НА ТКИВОТО, КОЛАГЕНОТ И КОЖАТА СО УЛТРАЗВУК

Високо фокусираниот ултра звук е нова технологија која први ја донесовме во Македонија од саем за козметологија и медицина во Болоња, Италија. Оваа терапија е примат во не-хируршкиот лифтинг! Се препорачува за секој тип на кожа и секаков вид на клиенти. Погледнете повеќе за HIFU Therapy на видеото, а прочитајте повеќе со кликнување тука.

2.РЕДОВЕН ТРЕТМАН: 

Американската академија за дерматологија како и за академијата за естетска медицина, препорачуваат еднаш месечно да посетувате салон за убавина или медицинско-козметолошки центар за редовни facial третмани [класичен третман]. Овие третмани вклучуваат: парење, озонирање, мануелно чистење, пилинг маска под ласер и масажа на лице и врат. Третманот е за двата пола.
ЦЕНА: 1.200 денари

Во Ла Белеца се достапни следните третмани:

  • Класични третмани
  • Биолошки третмани (плацента, кавијар, колаген, хијалурон, алги, витамини, минерали, билки)
  • Рехидрирачки (освежителни и длабока хидрација)
  • Третман на акни
  • Третмани за хипо и хиперпигментации
  • Рејувенации, подмладување
  • Лифтинг, редукција на брчки
  • Витализација, освежителни
  • Регенерација, реепителизација (проширени пори, лузни од акни или од друга природа)

3.КОРИСТЕЊЕ НА КОЗМЕТИКА:

  • Апликација на фактор за заштита од сонце секој ден, неколку пати во денот!

“Sunscreen is the closest thing we have to a fountain of youth. It really can slow down skin aging” – American Academy of Dermatology.

  • Користете препарати наменети за вашиот специфичен тип на кожа: креми, чистачи за лице, препарати за нега на кожа и коса…

Типот на кожа најдобро ќе го одреди вашиот лекар или дерматолог. Затоа, американската академија за дерматологија како и за академијата за естетска медицина, препорачуваат еднаш месечно да посетувате салон за убавина или медицинско-козметолошки центар за редовни facial третмани [класичен третман]. Не дозволувајте вашиот третман да го прави лице кое не е во најмала рака лекар, а најдобро е да биде специјалист дерматолог.

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular