Friday, April 26, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеСтареењето е факт, но не и стариот изглед

Стареењето е факт, но не и стариот изглед

Стареењето е факт кој не може да се промени. Но „стариот изглед“ не е факт и може да го контролираме. Фактот дека стареењето може да се успори, контролира и врати назад, но не и закочи, е повеќе од доволен доколку сè уште не сте започнале „anti-aging“ режим, да го сторите тоа веднаш!

Прашањето е: КАКО? 

Одговорот не е лесен, но постои. Начинот кој ќе го одберете зависи од вашето време, финансии и начин на живот. Сепак, на крајот од денот, дали ќе биде тоа а) домашна нега или б) со помош на дерматолог, одлучувате вие. Еден начин, мора да одберете. Без изговори!

1.Домашна нега на кожа

Доколку не сте нови во светот на убавина, козметологија и медицина како наука, веројатно веќе сте ги прочитале истите и „досадни“ препораки како: a) Користење на чистачи за лице б) Средства за хидратација на кожата в) Лосиони, серуми и слично.

Сепак, дали сте нови во овој свет или веќе доволно имате прочитано, треба на ум секогаш да имате една работа: „Може да ги купите најдобрите и најскапите продукти за нега, но доколку тие не се соодветни за вашиот тип на кожа и проблем, нивната вредност е никаква!“ 

Покрај тоа, сте пробале разни креми, методи, козметички салони и слично, а сепак не сте задоволни од постигнатото? Се осеќате како секоја врата за помош ви се затворила? Да, се случува. Но не се откажувајте. Во Ла Белеца центарот работиме 29 години со тим од дерматолози, лекари и професионалци во полето на здравство, естетска медицина и козметологија. Имаме решение за секој проблем, целосно решение или пак максимално подобрување и лекување.

2.Anti-aging годишни рутини со дерматолошка препорака:

Доколку вашите финансии и време дозволуваат, треба да се обратите на дерматолог или професионален лекар обучен за естетска медицина и козметологија. Колку порано го сторитие истото, толку повеќе ќе „купите“ и заштедите време, а со тоа и финансии.

Најчесто кога се помислува на естетска процедура, веднаш ќе помислиме на ботокс, хијалуронски филери и слично, но тоа е голема грешка бидејќи овие две процедури се само дел од останатите повеќе од 40 методи достапни за нега на лице, врат, деколте, коса и останат дел од нашето тело! 

Факт е дека ботоксот е најкористена естетска процедура во светот. Исто така, најбрзо „купува“ време и ги враќа годините назад. Сепак, ботоксот не е природна процедура ниту пак стимулира природен процес во нашето тело.

Видео: Како функционира ботоксот.

Во естетската медицина, постојат голем број на методи кои максимално го стимулираат нашиот организам сам да активира процеси на регенерација, репарација и обнова на кожата. Затоа, разликуваме од а) машини кои работат на база на ултразвук б) ласери за капилари, подмладување, редукција на влакна и слично в) супстанци кои се инјектираат г) апликативни продукти со брз и силен ефект или пак поспоро и долготрајно дејство д) инвазивни методи како мезо-конци, но и ѓ) многу останати процедури кои лекарот или дерматологот може да ги изведе, а често се импровизираат од непрофесионални лица без доволна едукација и искуство.

 Интересно за читателите:

а) Најинвазивна метода во естетската медицина: мезо-конци и PDO конци.

б) Неинвазивна метода со најсилно дејство во естетската медицина, но резултат кој доаѓа со тек на времето: HIFU.

в) Рејувенација на дланки со користење на хијалуронски филери. 

Тежината, килажата и обезноста влијаат на целовкупното здравје!

Кога се мисли на “aging” како процес, сосема погрешно е ако за истата процедура помислиме само и само на надворешно, а не и на внатрешно здравје! Вие може да имате 40 години, а да чувствувате замор како за 60. Исто така, може да имате 50 години, а да сте свеж, здрав, со спортски дух како за 30 годишен маж! Затоа, важно е да знаеме дека постојат и процедури кои ќе го подобрат вашето целовкупно здравје, обезност и енергија. Еден таков пример е лимфната дренажа: 

За повеќе информации за вашиот изглед, кожа и целовкупно здравје, посетете не или пак следете не на Facebook, Instagram & Twitter

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 29 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Under eye filler, Skin, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular