Plexr е најновиот неинвазивен уред кој користи плазма-базирана технологија за да ја замени хирургијата и означува нова естетика. Таа претставува т.н. “soft” или “мека” операцијa. Jонизиран воздух, што создава една искра како молња,  го грее ткивото со силен ефект на затоплување и затегнување на кожата. Тоа вклучува биостимулација, односно стимулирање на природниот процес на обнова на кожата со развој на нов колаген и подмладување на кожата.

Како изгледа третманот?

Уредот изгледа како дебело пенкало со игла . Анестезијата се користи во форма на крем против болка. Нема убод или крв. На местото на третман останува црвенило  кое  поминува за неколку дена.

Колку третмани се потребни?

Во зависност од површината што треба да се третира и состојбата на кожата,  потребни се 1 до 3 третмани. Резултатите се подобруваат со текот на времето, а интервалот помеѓу третманите е од неколку недели до неколку месеци. Конечниот резултат се гледа неколку месеци по последниот третман.

Третманот се користи за:

  • Корекција на горните очните капаци
  • подмладување и затегнување околу окото
  • Мали црвени дамки на кожата се ангиомите, односно малите кожни флеки кои можат да се отстранат со естетска хирургија.
  • сите видови лузни
  • акни
  • брадавици
  • ксантоми
  • дамки
  • зголемени пори
  • стрии

Цена: од 20 до 100 евра во зависност од:

  • видот на третман (намената)
  • регијата на третирање

Следете не на ИНСТАГРАМ (LaBellezza_center), за LIVE видеа, секојдневни новости во естетиката, едукативни и стручни видеа како и најнови процедури и совети.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk