FACE Injection

БОТОКС – ФОНТАНА НА МЛАДОСТА
Jа затегнува кожата, видливите брчки се пеглаат, а се спречува појава на нови.

Што е БОТОКС третман?

Тоа е најфреквентната нехируршка естетска процедура во светот. Вашето лице треба да го покажува Вашето расположение и емоции, но не и вашите години. Поради тоа немојте да чекате да остареете па тек тогаш да почнете да се подмладувате!!! Факт е дека колку порано се започне со превентива толку повеќе стареењето ќе се одложи.

Ботоксот ја затегнува кожата, видливите брчки се пеглаат, а се спречува појава на нови.

Тој е неинванзивен третман, минимално некомфорен. Со многу тенка игла, сосема безболно, со или без анестезија зависно од желбата на пациентот, се внесува одредената доза на потребната регија. Третманот трае 10 минути и не бара никаква припрема ниту пак време за опоравување.

БОТОКС – не само што Ве подмладува туку и го замрзнува хронолошки времето

Кожата околу очите најрано и највидливо старее, пример за тоа е фактот да кога треба да процениме нечија возраст ние прво го гледаме во очи и 90% е шансата да ја погодиме возраста. Зависно од квалитетот на кожата, мимиките што ги правиме и начинот на живот, промените започнуваат да се забележуваат веќе после 25-та година и тоа најпрво на долниот капак во вид на подочњаци од губење на волуменот и спуштање на ткивото према образите, а потоа на страните, аглите на очите во вид на фина мрежа на брчки, “crow feet”, да потоа веќе се опушта кожата на горниот капак, а секако и видливо спуштање на веѓите, кои наликуваат како обесени.

Конзервирајте го своето лице додека сеуште не сте почнале да стареете!

БОТОКС и ХИЈАЛУРОН треба да се сфатат како лична хигиена на лицето

Сосема е погрешено мислењето на клиентите дека првиот ботокс третман треба да се направи што подоцна. Напротив, времето за прв ботокс е токму во раните 30-ти кога и почнуваат да се појавуваат првите фини брчки. Тогаш се започнува со многу мали количини. Многу е потешко да подмладиш во подоцнежна фаза, кога брчките се поистакнати и повидливи. За Ботоксот неоправдано се зборува со многу предрасуди, воглавно тоа го прават неинформираните како и слушањето на ,,муабети по обични фризерски и козметички салони,,

Отстранете го “намрштениот изглед” на вашето лице!

Ботоксот во медицината е нашироко употребуван во третмани на најразлични заболувања. Така, најпрво и оригинално бил користен во третирање на невролошки заболувања, а во естетската медицина денес се користи во одстранувањето на фацијалните линии, посебно на линиите на “намрштениот изглед”.

Ботокс третман е најшироко употребуван термин за да се опише процедура на инјектирање на пречистен препарат на ботулинум токсин тип А, производ на бактеријата Clostridium botulinum – во третман на брчки. Ботокс препаратот е одобрен во USA од FDA за естетско медицинско-козметичко користење во април 2002 година со ригорозни критериуми на контрола по безбедноста за здравјето на пациентите

Не постои ниту еден face lifting (затегнување на лицето) кој може така фино, елегантно , потполно да ги испегла брчките како Ботоксот. Како магија во рок од 3-4 дена по апликацијата вие ќе гледате како Ви се бришат брчките од челото, помеѓу носот-веѓите, околу очите и конечен резултат е 10 години помлади.

Добро направен Ботокс третман е оној кој не се забележува

Наспроти најчестата реакција на заинтересираните пациенти дека лицето после треман ќе изгледа како ,,маска,, ќе го цитирам еден професор на стручен конгрес во Париз каде главна порака беше: ,,Добро направен Ботокс третман е оној кој не се забележува,,. Затоа е многу важно своето лице да го доверите на посебно едуцирани доктори специјалисти во оваа област.

Пред примената на Ботокс потребно е да се прекине со употреба на аминогликозидни антибиотици, ацетилсалицилна киселина и други нестероидни антиревматици 7 дена пред и после третманот. Брчките почнуваат да исчезнуваат 3-5 дена после првиот третман, а максималниот ефект се добива после две недели.

Ефектите траат од 4-6 месеци

Најдобри резултати се постигнуваат кај мимичните брчки на челото и околу очите. Ефектите траат 4-6 месеци што зависи од возраста, мимиките и состојбата на кожата. За целиот овој период бенефитот е двоен. Имено, стареењето кое би настанало за овие 4-6 месеци е одложено, односно е целосно спречена појавата на нови брчки како и продлабочување на постојаните. После тој период мускулот се враќа дефинитивно во подобра и помлада состојба од предходната, загарантирано!!!

ФАКТ плус

  • Ботоксот ја елиминира или ублажува мигрената (дури како показател дека дејството на ботоксот е намален т.е. дека е време за обнова е појавата на мигренозни болки).
  • Ботоксот исто така наоѓа одлична примена во решавањето на хиперхидрозата – зголеменото потење (под пазуви, дланки, чело…).
  • Ботоксот се користи и за слабеење на мускулите на подколеното.

Времето поминува но годините може да почекаат!

Една од најважните дилеми при избор на лекарот кои треба да ви ги изведе интервенциите на подмладување се изгледот на лекарот и дали лекарот има лично искуство.

Ботоксот може да се користи и за корекција на таканаречените “jaw lines” – метода која ја користат славните актерки од Hollywood.

ТОП ЛИСТА на 5 најпопуларни естетски дерматолошки зафати во Светот за 2017 година 

1. Прво место – БОТОКС 36,7%, а за најпопуларен Dr. Zan Luj Sebag, француки естетски хирург, крал на ботоксот,а неговата ординација во Лондон и Париз ја посетуваат Мадона, Шерон Стоун, Кејт Мос и многу други.
2.Филери – хијалурон, пополнување на брчки и усни 23,4%
3.Ласерско одстранување на влакна 16,7%
4.Мезотерапија – топење на масни наслаги и МЕЗОЛИФТ – мезококтели на убавина 14,8%
5.Ласерска рејувенација – подмладување 8,4%

Вложете во себе за да траете и поправете си го вашето раположение. Немојте ништо да препуштите на случајот! Порано или подоцна, секоја жена ќе сфати дека мора да вложи во себе да за потрае. Класичните третмани веќе не се доволни, па треба да се понуди и примени дополнителна и адекватна нега за да се одржи тонусот, лицето да изгледа свежо, негувано, мораме да знаеме дека таа, убавината и здравјето се “лизгав терен”. Посебно со денешното темпо на живеење да се биде доволно “hot” за сегашното време е доста тешко. Да се одржи чекор, посебно кога е во прашање изгледот, младешката убавина и атрактивност се цени повеќе отколку било кога.

Видеа за различни начини на употреба на ботокс во естетската медицина – кликни за да се отвори

Ботокс Видеа

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk