Thursday, April 25, 2024
spot_img
домаSlim & BodyКАВИТАЦИЈА: Софистицирана неинвазивна метода за намалување на масти

КАВИТАЦИЈА: Софистицирана неинвазивна метода за намалување на масти

Убави сте, паметни, успешни, а не можете да се изборите со вишокот на килограми? Слаба воља? Недостаток на мотивација и дисциплина? КАВИТАЦИЈА: Комјутерски контролиран апарат, интелегентен дизајн кој во себе содржи 4 различни методи на работа (апарати) неопходни за решавање на проблемите со целулитот, поставени во 2 сонди за тело и 2 за лице кои истовремено делуваат на вашата третирана кожа и подкожни структури и кои доведуваат до фантатични резултати.

Неинванзивна, безболна, сигурна процедура со едноставна примена. Кавитацијата е нежна и неинвазивна терапија за успешно намалување на целулитот и локални масни наслаги. Прецизно одстранување на локалните масни наслаги и целулитот на стомак, задница, бутини, колена, надлактици.

Емисија на ултразвучни бранови доведуваат до кавитациски феномен во масното ткиво (липолиза) што има за последица разбивање на масните клетки до масни киселини и глицерол, кои пак се вклучуваат во нормалните метаболитички процеси во црниот дроб. Ослободената маст се усмерува спрема лимфните садови и се елиминира од телото по природен пат на лимфна дренажа. Затоа после кавитација веднаш се препорачува засилена лимфна дренажа во скафандер за лимфна дренажа.

Со континуирано користење на оваа метода успешно се решава и „пивскиот стомак“ како чест проблем кај машката популација, најчесто во комбинација со уште неколку процедури како криолиполиза, ултразвук (ХИФУ) и EMSculpt.

Напредната технологија на кавитацијата овозможува концентрација на енергијата на точно одредена длабина во ткивото, што осигурува селективно разбивање на масните клетки во поткожното ткиво. Површината на кожата, нервите, мускулите, крвните гранки при тоа остануваат недопрени, заштитени. Маснотијата од разбиените масни клетки во облик на триглицериди се излеваат во меѓуклеточната течност, каде под дејство на ензими се разградуваат во глицерол и прости масни киселини. Растворливиот во вода глицерол продира во крвотокот и се користи како извор на енергија, нерастворливите прости масни киселини одат спрема црниот дроб, каде се разложуваа како и секоја друга проста масна киселина од храната.

Цени на услугите 

ПАКЕТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ СО 4D (4-димензионална) кавитација: 
10 третмани х 30 минути = 6.000 денари

НАПОМЕНА: 4D (4-димензионална) кавитација може да се користи во пакет со други процедури како криолиполиза, интензивен и фокусиран ултразвук (ХИФУ), ЛПГ, EMSculpt, лимфна дренажа во скафандер. За одредување на пакет, потребен е преглед од лекар со цел да се одреди што е најдобро за вашето тело односно тип на проблем (масно ткиво, целулит, висната кожа). Надоградбата на Кавитација со други методи за разбивање на целулит и топење на масни наслаги нуди дополнителни предности и побрзи резултати.

La Bellezza Center Skopje
30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk & [email protected]+389 70222601 +389 75222601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular