Ла Белеца центарот ви ја пренесува во целост изјавата и прес-конференцијата на американската академија за дерматологија (ААД) во однос на коронавирусот.

Како професионалци кои се обучуваме од американските академии за дерматологија и естетска медицина, сегакош најновите информации, иновации и истражувања ни стигнуваат есклузивно. Со таа цел ви пренесуваме: Дали сонцето влијае врз коронавирусот?

Извор на информации: ROSEMONT, Ill. — Statement attributable to AAD President Bruce H. Thiers, MD, FAAD

„Сè уште нема докази кои ги поддржуваат неодамнешните шпекулации дека традиционалното ултравиолетово изложување е ефикасен третман за COVID-19. Оваа дезинформација може да ја охрабри јавноста да се изложува повеќе на УВ зрачење од сонцето, да поминува повеќе време на лежалки, солариум и слично, со што својствено се зголемува ризикот од карцином на кожата“ – велат од ААД.

Додека здравствените проблеми се комплексни и вклучуваат повеќе фактори, добро е утврден фактот дека незаштитената изложеност на опасно УВ зрачење од сонцето или солариуми се дефинитивно фактор на ризик за карцином на кожата, вклучително и најсмртоносна форма, меланом. Ракот на кожата е најчестиот карцином во Соединетите држави, а се јавува кај еден на секои пет Американци.

Кога да побарам помош од лекар, дерматолог односно стручно лице?

Доколку рано се детектира, меланомот [опасен рак] може успешно да се излекува. Правилата ABCDE (види слика) може да ве спасат од рак на кожа. Прочитајте и идентификувајте ги предупредувачките знаци следејќи ги правилата.

Месец мај е Skin Cancer Awareness Month посветен на борбата со ракот на кожата. Ла Белеца центарот ви препорачува за време на топлите и наскоро летни денови, помалку да ја изложувате кожата на директно сонце истовремено користејќи почесто крема со фактор (по можност 50+).

Како изгледа ракот на кожа под микроскоп? 

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk