КРИОЛИПОЛИЗА – Нехируршка Алтернатива на Липосукција

Дали имате регии на телото кој неможе да ги отстраните со ниедна диета, без разлика колку вежбате или се трудите да го намалите обемот на тие регии?!? Затоа специјално во Ла Белеца, први во Р. Македонија ја донесовме најмодерната, најнова и најсофистицирана метода на брзо и ефективно слабеење!

Неинвазивно, сосема безболно, ладење и таргетирано слабеење.

Cryolipolysis – популарно познат како “Cool Sculpting” е заштитен знак сопственост на Zeltiq Aesthetics, United States of America. Овој метод е подеднакво ефективен кај мажи и кај жени.

Видео – процедура, како делува и резултати

Cryolipolysis е не-инвазивна процедура која нежно и ефикасно ги отстранува маснотиите од определени области од телото кои не реагирале на традиционалната исхрана и вежби. Клиентите можaт да имаат забележливи резултати во проблематичните области – половината, грбот , надлактици, бутини, колкови итн, но и обезбедување на целокупната контура нa телото!

Според регистрација се однесува на медицинско помагало кое се користи за уништување на масните клетки. Принципот се потпира на контролиранo ладење за не-инвазивни локални намалувањa на масни депозити и преструктуирање нa контурите на телотo. Изложеностa на ладење е поставена така што тоа предизвикува клеточна смрт на поткожното масно ткиво без очигледна штета на кожата. Постапката е најавена како нехируршка алтернатива на липосукција.

Врз основа на оваа премиса, масните клетки полесно се оштетуваат со ладење отколку клеткитe на кожата. Во Општата болница во Massachusetts (HARVARD) сe разви концептот да масното ткиво што се лади под температурата на телото, но пред замрзнување, предизвикува локализиранa клеточна смрт проследена со локален инфламаторен одговор, локален паникулитис, кои постепено вo текот на неколку месеци резултира со намалување на масното ткиво- слој.

Првата студија се појави во 2009 година. Термодинамичка метода на комбинација на замрзнување и вакуум, неверојатно брзо и ефикасно-моментално врши разбивање на масните наслаги и целулитот.

Сесијата трае од половина до еден час и не бара анестезија. Резултатите се зачудувачки па некаде дури и до 30-40% намалување во масен слој од третираната површина после 2 до 3 месеци, но lipolytic ефект на третманот ќе продолжи да се подобрува во наредните шест месеци.

Несакани ефекти – Минливо локално црвенило, модринки и вкочанетост на кожата се ретки но вообичаени несакани ефекти од третманот и се очекува да сe изгубат односно сe со минлив карактер.

Битно е да се знае дека оваа процедура бара редовност и континуитет за најдобри резултати

Во текот на постапката повеќето пациенти остануваат целосно комфортни, можете да читате, да слушате музика и едноставно да сте комплетно релаксирани. Клиентите се во можност да се вратат на работа или да продолжaт со други редовни активности уште истиот ден.

Третираните масни клетки се отстрануваат преку природните метаболички процеси во телото слично на начинот на метаболизирање нa мастите од храната. Моментално тоа e најпопуларнa и ефективнa технологиja за слабеење на меѓународниот пазар. Времетраењето на третманот како и бројот на третмани е индивидуален и се прави по препорака на Лекар.

Како да достигнете максимални ефекти од оваа метода?

За постигнување на неверојатни и заудувачки резултати кои ќе траат во наредните 6 месеци па и повеќе од 1 години со правилно одржување, ви препорачуваме следно:

  • физичка активност 3 пати неделно по 30-60 минути (по можност кардиоваскуларни вежби) – погледнете ВИДЕО tutorial како да го направите истото
  • припазување на исхрана (да отстраните што е можно повеќе масти, шеќери, да избегнувате газирани пијалоци)
  • комбинација на оваа метода со 4D Cavitation, Електростимулации, Л-карнитински и витамински инјекции, Мезококтели како и други методи по препорака и консултација со Спец. Дерматолог Д-р Наташа Марковска Василевска

Не сте во можност да одите во теретана? Немате време за посетување на некоја спортска активност или да членувате во клубови за разни физички вежби за подобрување на здравјето и одржување на формата? Не се секирајте. Ла Белеца ви спреми VIDEO Tutorial како да го правите истото од дома. Ви препорачуваме најмалку 3 пати неделно да ја следите оваа процедура. Во прилог, погледнете го видеото.

 

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија & Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk