Hyaluronic Acid

Beauty ФИЛЕРИ – Сите Тајни на Најпопуларната во Светот Mетода на Неопративен FACE LIFTING

Beauty филерите кои се на база на хијалуронска киселина се моментално едни од најпопуларните во светот на естетската и anti aging медицината!

Брзото темпо на живот доведе до голема популаризација на кратките и брзи но ефикасни процедури за подмладување како што е LIQUID LIFT со хијалурон. Хијалуронските филери се во употреба повеќе од 10 години и заедно со ласерите спаѓаат во најфреквентните естетски процедури благодарејќи на нивната ефикасност затоа што само за 10 минути можат брчките да ги елиминираат во потполност, усните да ги пополнат, образите да ги истегнат, а ефектот е веднаш видлив. Се користат:

  • за корекција на сите брчки на лицето суперфицијални, медијални или длабоки
  • ремоделирање на контурите на лицето
  • контурирање и освежување на усните
  • контурирање и корекција на нос
  • подмладување на вагиналната регија
  • пополнување и подмладување на дланките на рацете

Hyaluronic Acid

Големата популарност на хијалурионот се должи и на неговата максимална безбедност затоа што е од природно потекло. БИТНО е да се знае дека тој не предизвикува алергиски реакции и нема несакани ефект.

Оваа активна компонента, кристално бистриот гел има МОМЕНТАЛЕН ЕФЕКТ.

Вложете во себе за да траете – природна убавина на дофат на вашите раце!

ЗА ДЕРМАТОЛОЗИТЕ ИНЕКЦИИТЕ СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА ПРЕСТАВУВААТ ОСНОВА ВО ЕФИКАСНАТА БОРБА ПРОТИВ БРЧКИТЕ.

Хијалуронот го пополнува меѓуклеточниот простор и прави мали чуда. ХИЈАЛУРОНОТ во микродепозити хидрира, одржува тонус и ги неутрализира изразито штетните слободни радикали. Делува одвнатре на:

  • подмладување на зрелата кожа,
  • ја појачува структурата и цврстината,
  • го појачува и регулира хидробалансот, еластичноста

ЕФЕКТОТ на горенаведеното е блескав и свеж изглед на кожата со чувство на вратена енергија. Тој исто така пополнува веќе настанати брчки и спречува појава на нови!

Кога е правото време за филери?

Во светската стручна литература се смета дека идеално време за почеток е со првите знаци на стареење на кожата и губењето на хијалурон, веќе после 35-тата година, количините на хијалурон во кожата опаѓаат. Кога овој процес ќе се покаже, зависи и од генетиката, начинот на живот и личниот однос према себе и своето тело.

Сепак, нема долна граница на употреба, оптимално е да се започне со појавата на првите фини брчки без разлика на годините,затоа што полесно е да се корегираат на почеток и да се спречи нивното продлабочување.

Основата на овој кристално-бистар гел ја чини хијалуронската киселина, полисахариден молекул кој природно се наоѓа во целиот наш организам, составен дел е на многу ткива (зглобови, очни јаболчици), а дури половината е во нашата кожа во која има исклучително важна улога затоа што ја врзува водата овозможувајки на тој начин хидратација што дирекно се одразува на цврстината на кожата.

Улогата на хијалуронот во еластичноста и цврстината на кожата односно во создавањето на брчки, научниците ги заинтересира кога открија дека оваа компонента ја има во бебешката кожа многу повеќе него кај постарите лица!

Видео – повеќе од 10 начини за користење на Хијалуронските Филери

Тоа се објаснува со фактот да со стареење на кожата, клетките на кожата ја губат способноста за создавање на хијалуронска киселина поради што како последица имаме губење на влажност на кожата, цврстина, волумен и еластичност, па резултат се појавата на брчки.

Хијалуронот се вбризгува инјекционо, кроз тенка игла долж брчката која треба да се пополни, каде што влегува во состав на сврзното ткиво,со што шуплината се пополнува, а кожата се затега.

Резултатот е моментално редуцирање до губење на брчките, а ефектот трае од 6 до 12 месеци. Сепак, тоа е индивидуално и зависи од староста, мимиките и состојбата на кожата. После тој период хијалуронот како биоразградлив гел постепено се разградува на потполно природен начин и се елиминира од организмот во облик на вода,без несакани ефекти! Состојбата се враќа како пред третманот но бенефитот е тој што состојбата на брчките е на исто ниво дури и подобро од пред вбризгување на хијалурон, што значи не само што 6-12 месеци сме изгледале помладо туку ние сме го сопреле прогредирањето на стареењето за тој период од 6-12 месеци.

Третманот со хијалуронска киселина смее да го изведува исклучиво специјалист дерматолог , авторизиран лекар! (добро размизлете во чие друштво ќе бидете)

Третман со хијалуронска киселина смее да го изведува исклучиво специјалист дерматолог, авторизиран лекар, а целата постапка трае помеѓу 15-30 мин. Блага непријатност се ублажува по потреба со локален анестетик во облик на крема, па постапката лесно се поднесува. Нема несакани ефекти. Нема никаква потреба од алергиско предтестирање, препаратот е апсолутно сигурен.

Ретки реакции од благ интензитет кои може да се јават а се со минлив карактер се благо црвенило, оток, модрица за кои не е потребен никаков дополнителен третман.

Хијалурони – нова ера на рејувенација на кожата – Од моментот кога на почетокот на овој век е регистрирани на Светскиот пазар, хијалуронските филери стана АПСОЛУТЕН ХИТ кога е збор за ПОДМЛАДУВАЊЕТО. Третманите со хијалурон потполно завладеа и застанаа рамо до рамо со до тогаш во Светот најпознатиот и најпопуларен Ботокс

ВИДЕО 1 – Во што се состои постапката?

Ако говориме за liquid lift на цело лице интервенцијата се започнува со третирање на средните регии на лицето,т.н. назолабијалните брчки (линиите на осмевот од носот кон усните) како и пеглање на линиите помеѓу веѓите

Потоа следи пределот околу усните, долната регија на лицето-дефинирање на контури на брада, па дефинирање на контури на образите, јагодиците и пределот околу очите, и на крај подочњаците. Исто така се третираат и фините брчки на вратот и деколтето. Посебен осврт и ефект има и за пополнување на волуменот на дланките. Секако, индивидуалните потреби диктираат третирање на регии по желба, било да се работи за превенција на стареењето кај млади лица или кај постари лица во рамки на anti-aging третман. Брчките на челото најдобро се решаваат во комбинација со Ботокс-коректор на мимичните брчки на лицето (ги пегла ситните брчки на челото и околу очите),и тоа се извонредно благодарни ефекти.

КОРИСНО ДА СЕ ЗНАЕ – По завршениот лифтинг, може да се пристапи кон мезотераписки коктели соодветно на потребите на кожата. После интервенцијата пациентот може слободно да се врати на своите секојдневни активности.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИТЕ – За обликување или за оние кој сакаат да имаат пополни и сензуални усни – прочитајте повеќе за пополнувањето на усни со кликнување тука.

Некому е потребен еден а некому неколку третмани до постигнување на целта!

Но, кога еднаш ќе се постигне посакуваниот резултат,доволно е еднаш годишно да се освежува лицето со многу помалку хијалурон од оној на почетокот.

ВИДЕО 2 – анимација како Хијалуронот ги корегира брчките

Една од најважните дилеми при избор на лекарот кои треба да ви ги изведе интервенциите на подмладување се изгледот на лекарот и дали лекарот има лично искуство. Во ординацијата на естетска дерматологија La Bellezza, интервенцијата на Ботокс третман ја изведува Д-Р НАТАША МАРКОВСКА ВАСИЛЕВСКА, Специјалист Дерматовенеролог.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk