Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеНајбрзите и најефикасни начини за лекување на изгореници од сонце

Најбрзите и најефикасни начини за лекување на изгореници од сонце

Пет начини за лекување на изгореница, брзи и најефикасни според американските дерматолози.

Ниту еден SPF фактор нема да ве заштити од изгореница, доколку претерате со сончање. Изгорениците се честа појава но оставаат трајни последици во ДНК-та на кожата доколку ги оставите нетретирани. Да, црвенилото ќе помине, но не и слободните радикали. Еве како да се справите со изгореница:

1.Доколку се појават, заштитете ги плускавците! 

Ако се појават плускавци (знак за веќе изгореница од втор степен) важно е да ги задржите. „Оставете ги непроменети и не ги пукајте или лупете“ – предупредува познатата лекарка и дерматолог од Њу Јорк, Д-р Марбејн.

2.Хидрирајте

„Кога ќе изгорите од сонце, УВ-светлината предизвикува воспаление во кожата слично на термички изгореници како пример од рингла“ – вели Д-р Џошуа, дерматолог и директор на болницата “Mount Sinai Hospital” во Њу Јорк. Затоа е важно да се хидрира кожата и да се помогне во санирање на кожната бариера што е можно побрзо, вели тој. Најлесен начин да се стори тоа е однадвор. За најдобар ефект, користете хидрантни продукти кои содржат алое (ALOE).

3.Намалување на воспалението

Отокот и црвенилото (воспалението) може да се третираат и одвнатре. Одете до првата аптека и земете анти-инфламаторни лекови без рецепт со цел санирање на воспалението.

4.НАЈВАЖНО: Максимална елиминација и минимизирање на слободните радикали. Превенција на сериозна штета врз ДНК. 

Изгорениците ќе се санираат за неколку дена, но штетата направена од слободните-радикали од УВ зраците е трајна!!! УВ-светлината стимулира производство на слободни радикали кои имаат штетно дејство врз колагенот и еластинот, како и брз ДНК-та на кожните клетки. Тие го зголемуваат ризикот од рак на кожата. Примена на VITAMIN C SERUM може да помогне. Штетата нема да се избегне, но антиоксидантите ќе ги минимизираат штетните ефекти на долг рок.

5.Одбегнувајте сонце на изгореното место до комплетна санација. По можност, секогаш да бидете покриени со алишта на местата на воспаление.

Што да очекувате од „Спреј-тенинг“?

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular