На интернет и на социјалните мрежи има толку многу информации за тоа зошто е битно да ја негувате вашата кожа, што ви дава чувство да не знаете на кој извор и линк попрво да кликнете и да прочитате. Како заклучок од статиите и од најголем дел од тоа што ќе го прочитате, ќе сфатите дека вашата соба или бања е преполна со препарати за козметика како креми, маски, производи за нега на кожа и слично.

Но, иако е одлично да се практикува добра нега на кожата, тоа не мора да значи дека треба да се откажете од барање професионална помош! И покрај тоа што можеби не страдате од тешки кожни проблеми, акни или други хронични состојби, вашата кожа има потреба од вниманието на обучен естетичар, дерматолог.

„Третман на лицето од професионален и обучен естетичар [дерматолог] е важен за да се разбере како вашата кожа работи и како таа реагира на стрес, хормони и други елементи“, вели Регин Бертел, менаџер во Caudalie Spa во Њујорк. „Луѓето со проблематична кожа треба да бидат редовни во своите третмани, а препорачуваме тоа да биде на месечно ниво. Во најмала рака, секоја сезона се препорачува да се балансира кожата“.

5 причини зошто ви препорачуваме класичен третман. Препорачано од Caudalie Spa во Њујорк

  • класичните третмани ги чистат вашите пори
  • доколку имате проблем со лицето, ќе дознаете зошто тој проблем се јавува и како може да се реши
  • класичните третмани се секогаш подобри од било која крема, маска или препарат кои само можат дополнително да ги подобрат ефектите од третманот
  • познатите “facials” третмани [мезококтели, дерматолошки третман, микродермабразија, ПРП и други], не можете сами да ги направите и бараат професионален пристап од доктор
  • се препорачуваат за долготраен ефект кој ќе ви го подобри изгледот на лицето и ќе ви ја зголеми самодовербата

Секој третман на лице и тело во La Bellezza започнува исклучиво со дерматолошки преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог. Исто така, дерматологот е одговорен и за самиот третман на чистење на лицето.

Широка палетна на медицински-козметички третмани соодветни на типот, состојбата и потребите на кожата и возраста:

  • Класични третмани
  • Биолошки третмани (плацента, кавијар, колаген, хијалурон, алги, витамини, минерали, билки)
  • Рехидрирачки (освежителни и длабока хидрација)
  • Третман на акни
  • Третмани за хипо и хиперпигментации
  • Рејувенации, подмладување
  • Кифтинг, редукција на брчки
  • Витализација, освежителни
  • Регенерација, реепителизација (проширени пори, лузни од акни или од друга природа)

Препаратите од врвни професионални медицинско-козметички линии како и дополнителната примена на апаратура од најсовремена модерна технологија во раце на професионална услуга и искусен дерматолог, се гаранција за вашата убавина, здравје и инвестиција.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432
Е-mail: info@labellezza.com.mk