Клучот за убава, сјајна и мазна кожа е посветеност, а не чудо! Секако, бара и време. Две клучни работи можат да бидат издвоени: негата на кожа што можеме да ја одржуваме дома, но и користењето на иновациите во медицинската козметологија и естетика.

Естетската медицина и козметологијата се опширни гранки. Најчесто, „боцкањата“ и иглите не асоцираат со нив. Но дали е тоа така? Сè што треба да знаете за естетските процедури пред да дојдат на ред боцкањата“ – injectables. 

1.ЛАСЕРСКИ ПРОЦЕДУРИ: Блескавата кожа зависи од нејзината способност да ја рефлектира светлоста. 

Како прва процедура пред да се решите за „боцкање“ со ботокс, хијалурон или останато, се препорачуваат ласери за подмладување. Репрограмирајте ги „протеините“ на младоста – Wrinkle repair, реставрира цврстина на кожата, стимулира обнова на колагенот и еластинот, ласерот има силен лифтинг ефект.

  • моментален ефект на затегање
  • стимулација на реизградба на колаген во кожата
  • веќе после првиот третман видливо помлада и посјајна кожа, блескав тен

2.HIFU терапија: примат во не-хируршкиот лифтинг!

HIFU е кратенка од High Intensity Focused UItrasound – процедура која користи силен интензитет на фокусиран ултразвук кој е докажано безбеден иако неговата пенетрација во ткивото е до степен каде што ниту една друга метода не може да достигне. Тој е најсовремен апарат во естетската медицина, а достапен е и во Ла Белеца центарот во Македонија!

ВИДЕО: Тестирање на ХИФУ врз месо, стакло и разни ткива

Прочитајте повеќе за HIFU технологијата со кликнување тука.

3.PRX T33: Револуција во биоревитализацијата. 

PRX T33 е нов метод и пристап во естетската медицина и козметологија. Се работи за патентирана формула TCA/H2O2. Се користи предноста на својството на пенетрација во кожата на трихлорооцетна киселина (TCA), добро познато средство за пилинг и нејзината интеракција со водород пероксид.

PRX – T33 спречува денатурирање на епидермалните протеини предизвикани од TCA киселината. H2O2 покрај тоа што ја модулира агресивноста на TCA, ги хидрира ткивата и исто така активно ги зајакнува механизмите за стимулација на регенерација на сврзното ткиво, подготвувајќи ги рецепторите за факторите на раст. Поради овие својства и за разлика од обичните хемиски пилинзи, PRX-T33 се безбедни за апликација во текот на целата година. 

4.Класичен дерматолошки третман (Facial Skin Treatment)

Секој третман на лице и тело во La Bellezza се изведува исклучиво од лекари и специјалист дерматолог. Тие се одговорни за самиот третман на чистење на лицето. Цената на класичните третмани е 1.200 денари или пак 1.500 денари дополнети со дијамантска микродермабразија. Погледнете на видеото:

Постојат многу останати процедури со кои би можеле да започнете со цел максимална нега за кожа и изглед. Но, горенаведените се моментално најдобри. Доколку не сте сигурни што сакате или пак што е најдобро за вашата кожа, закажете преглед во Ла Белеца.

Во Ла Белеца центарот работиме со високо професионална услуга во високо безбедна средина според сите препораки и мерки за здравствена заштита. Со повеќе од 29 години искуство во медицинската козметологија и естетска медицина.

Во Ла Белеца центарот работиме со високо професионална услуга во високо безбедна средина според сите препораки и мерки…

Gepostet von La Bellezza am Sonntag, 12. April 2020

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk