Постојат многу методи за затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото. Најчесто познати како не-хируршки лифтинг (face-lifting), тоа се процедури како хијалуронски филери, ботокс, 3Д мезо конци, РФ, ласерска рејувенација и слично, но приматот во не-хируршката естетска медицина го има завземено метода која е моментално на А-листата на светските познати личности, HIFU терапија. 

HIFU е кратенка од HIFU – High Intensity Focused UItrasound – процедура која користи силен интензитет на фокусиран ултразвук кој е докажано безбеден иако неговата пенетрација во ткивото е до степен каде што ниту една друга метода не може да достигне (погледни слики).

Најсовремен апарат во естетската медицина – ХИФУ (HIFU), достапен во Македонија!

Како што велат од EXPRESS.uk, на А-листата на светските познати личности (A-list of celebrities), се најде нешто сосема ново во однос на пристапот, начинот на делување, неинвазивноста и резултатите. Тоа е HIFU технологијата – Ла Белеца центарот, како и секогаш, први во Македонија ги носиме иновациите во естетската и медицинска козметологија, а од денес па натаму, можете да бидете први кои ќе ја искусат ХИФУ машината.

ВИДЕО:Погледнете ги двете главни намени на ХИФУ (HIFU face-lifting: затегнување, регенерација и подмладување & HIFU weight loss: таргетирање на масни наслаги, стрии, целулит).

 Што да очекувате од ХИФУ терапијата?

  • Пенетрација до SMAS, Superficial muscular aponeurotic system (мускулно-апоневротичен слој) кој е одговорен за ремоделирање на колагенот и контракција на еластичните влакна, т.е. со помош на стимулација од ХИФУ апаратот, се постигнува обнова на колагенот како и производство на нов колаген.
  • НАПОМЕНА: SMAS е слој кој досега ниту еден препарат за не-хируршки face-lifting не го достига со дејство!
  • Времетраењето на терапијата може да е од 20 минути до 1 час, во зависност од регијата на третман.
  • Резултатите се долготрајни а понекогаш промените се гледаат веднаш по третманот.
  • Крајниот резултат можете да го забележите после 2 до 6 месеци, а времетраењето на крајниот резултат може да трае и до 2 години што е исто така недостижно со претходни процедури!
  • HIFU третманот е безболен и не е потребна анестезија. Нивоата на енергија се различни, а пациентот се третира со енергија до која се чувствува комотно.
  • После третманот, кожата може да биде благо зацрвенета, но по неколку часа црвенилото ќе се повлече и можете да се вратите на секојдневните активности.
  • HIFU терапијата не го оштетува епидермисот на кожата.
  • Може да се комбинира со други медицински третмани, но напоменуваме дека препарати како хијалуронски филери, ботокс и 3Д мезо конци не треба да бидат аплицирани 1 месец пред и 1 месец пост терапијата со ХИФУ!
  • HIFU третманот е многу погоден за кожа која има изразени знаци на стареење како брчки, спуштена и висната кожа, но исто така и за слоеви на масни наслаги околу подбрадокот.
  • HIFU терапијата дава одлични резултати за познатата состојба на вратот позната како “Turkey neck” и за затегнување и подмладување на кожата на деколтето.
  • Наменет е за двата пола подеднакво!
  • HIFU weight loss therapy: прочитајте повеќе за ХИФУ технологија за таргетирање на масти, стрии и целулит од утре на нашата веб-страна www.LaBellezza.com.mk
  • HIFU slimming: машина за слабеење, разбивање масни наслаги, помага за стрии и најважно досега што ја разликува од сите останати машини за слабеење е истовременото затегнување на кожата на третираните регии.

ЦЕНОВНИК: Погледнете ги сите регии за третман со HIFU (слика)

ПРОМОТИВЕН МЕСЕЦ: цените важат за месец април како промотивен месец на новиот апарат HIFU. Цената на HIFU третманите во западните развиени држави се движат од 800 до 1500 евра по третман, а истите третмани во блиско соседство (на пример Србија) се до 3 пати поголеми.

HIFU slimming: машина за слабеење, разбивање масни наслаги, помага во стрии и најважно досега што ја разликува од сите останати машини за слабеење е истовременото затегнување на кожата на третираните регии. Повеќе информации како и промотивни цени и пакети од утре (недела, 7ми Април).

Се работи на сите регии од врат до петици како: висечка кожа на рацете познато како свадбарски раце, задебелен и висечки врат (познат и како Turkey neck), ослабено меше после породување, затегнување на кожата на стомакот и околу стомакот, висната кожа околу колена, задебелени колена, love handles, како и затегнување на манекенски нозе.
Дополнително може да се третираат и регии како: затегнување на листови, гради, задник, манекенски нозе, бутови ,колкови…

Поради индивидуалните разлики во состојбата на одредена регија (се мисли на  разлика во големина, ширина и дебелина на масни наслаги или ареа на третман, цените за регии на телото ги одредуваме на лице место по предхотен преглед на состојбата на телото од лекар дерматолог. Прегледот и консултациите се бесплатни.

ВИДЕО од третман во естетска клиника во Британија: HIFU

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адресабулевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk