Постојат многу методи за затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото. Најчесто познати како не-хируршки лифтинг (face-lifting), тоа се методи како хијалуронски филери, ботокс, 3д мезо конци, РФ, ласерска рејувенација и слично, но приматот во не-хируршката естетска медицина го има завземено метода која е моментално на А-листата на светските познати личности, HIFU терапија.  

HIFU е кратенка од HIFU – High Intensity Focused UItrasound – метода која користи силен интензитет на фокусиран ултразвук кој е докажано безбеден иако неговата пенетрација во ткивото е степен каде што ниту една друга метода не може да достигне (погледни слика).

Што да очекувате од ХИФУ терапијата?

  • Пенетрација до SMAS, Superficial muscular aponeurotic system (мускулно-апоневротичен слој) кој е одговорен за ремоделирање на колагенот и контракција на еластичните влакна, т.е. со помош на стимулација од ХИФУ апаратот, се постигнува обнова на колагенот како и производство на нов колаген.
  • НАПОМЕНА: SMAS е слој кој досега ниту еден препарат за не-хируршки face-lifting не го достига со дејство!
  • Времетраењето на терапијата може да е од 20 минути до 1 час, во зависност од регијата на третман.
  • Резултатите се долготрајни а понекогаш и промените се гледаат веднаш по третманот.
  • Крајниот резултат можете да го забележите после 2 до 6 месеци, а времетраењето на крајниот резултат може да трае и до 2 години што е исто така недостижно со претходни процедури!
  • HIFU третманот е безболен и не е потребна анестезија. Нивоата на енергија се различни, а пациентот се третира со енергија до која се чувствува комотно.
  • После третманот, кожата може да биде благо зацрвенета, но по неколку часа црвенилото ќе се повлече и можете да се вратите на секојдневните активности.
  • HIFU терапијата не го оштетува епидермисот на кожата
  • Може да се комбинира со други медицински третмани, но напоменуваме дека препарати како хијалуронски филери, ботокс и 3д мезо конци не треба да бидат аплицирани 1 месец пред и 1 месец пост терапијата со ХИФУ!
  • HIFU третманот е многу погоден за кожа која има изразени знаци на стареење како брчки, спуштена и висната кожа, но исто така и за слоеви на масни наслаги околу подбрадокот.
  • HIFU терапијата дава одлични резултати за познатата состојба на вратот позната како “Turkey neck” и за затегнување и подмладување на кожата на деколтето.
  • Наменет е за двата пола подеднакво!

HIFU slimming: машина за слабеење, разбивање масни наслаги, помага во стрии и најважно досега што ја разликува од сите останати машини за слабеење е истовременото затегнување на кожата на третираните регии.

Се работи на сите регии од врат до петици како: висечка кожа на рацете познато како свадбарски раце, задебелен и висечки врат (познат и како Turkey neck), ослабено меше после породување, затегнување на кожата на стомакот и околу стомакот, висната кожа околу колена, задебелени колена, love handles, како и затегнување на манекенски нозе. Дополнително може да се третираат и регии како: затегнување на листови, гради, задник, манекенски нозе, бутови, колкови…

ВИДЕО: Погледнете ги двете главни намени на ХИФУ (HIFU face-lifting: затегнување, регенерација и подмладување & HIFU weight loss: таргетирање на масни наслаги, стрии, целулит).

 

Поради индивидуалните разлики во состојбата на одредена регија, се мисли на  разлика во големина, ширина и дебелина на масни наслаги, цените за регии на телото ги одредуваме на лице место по предхотен преглед на состојбата на телото од лекар дерматолог.Прегледот и консултациите се бесплатни.

ЦЕНОВНИК: Погледнете ги сите регии за третман со HIFU (слики) 

ПРОМОТИВЕН МЕСЕЦ: цените важат за месец април како промотивен месец на новиот апарат HIFU. Цената на HIFU третманите во западните развиени држави се движат од 800 до 1500 евра по третман, а истите третмани во блиско соседство (на пример Србија) се до 3 пати поголеми.

***HIFU FACE-LIFTING: цени и регии за лифтинг, затегнување и подмладување на кожата на лице, врат, подбрадок и деколте – КЛИКНИ ТУКА. 

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адресабулевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон+389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk