Хургада (арапски: الغردقة Al Ġurdaqa) е град во областа по име Црвено Море во Египет. Главен туристички центар и втор град по големина во тој реон (после Суец) лоциран на брегот на Црвеното Море.

Градот е формиран на почетокот на 20 век, а од 1980-те години постојано се зголемува. Во овој град инвестираат и египетски и странски инвеститори, и го претвораат во водечки центар крај брегот на Црвеното Море. Хотелите нудат бројни туристички морски атракции, меѓу кои водечки се спортовите на вода, како и нуркање, пловење со јахти, едрилици и друго.

Хургада се протега на околу 36 километри крај морскиот брег, но не и длабоко во пустината. Главно место за туризам е за жителите од Каиро, но и за туристи од Европа. До скоро ова било само едно мало рибарско место, но денес Хургада е град со околу 248.000 жители, и поделен е на три дела: Центар (Ел Дахар) е стариот дел; Сакала е центарот на градот и Ел Мемша (Селски пат) е современиот дел.

01. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 06. ден ХУРГАДА
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).

07. ден ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

Хургада, Египет – понуди за Лето 2018. Напомена: цените во табелите се во евра.

Sea Garden 3★ Hotel Hurghada Egypt

Hotel Le Pacha Resort, Hurghada, Egypt

Hotel Sunny Days Palma De Mirette

Hotel Seagull Beach Resort

Sea Star Beau Rivage Hotel 5*

Hotel Albatros Palace Resort 5*

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • 6 ноќевања на база наведената услуга.
  • Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
  • Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Аеродромски и административни такси во износ од 80еур
  • Патничко здравствено осигурување
  • Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
  • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

За повеќе информации јавете се на 070 268 009 или контактирајте не на info@labellezza.com.mk

Се наоѓаме во најубавата општина во градот Скопје, Аеродром, на самиот влез во населба Ново Лисиче, главната раскрсница на главниот булевар Видое Смилевски Бато бр. 3 и бр. 7, деловни простории на приземје, на површина од 300 m2.

Контакт Телефон: 070 268 009 Контакт е-маил: info@labellezza.com.mk