Friday, March 29, 2024
spot_img
домаЛасер терапијаЛасерска терапија на акни

Ласерска терапија на акни

АКНЕТЕРАПИЈА СО ЛАСЕР – Ласерот е една од најефикасните третмани на акни за трајно излекување на овој пред се здравствен па потоа естетски проблем на кожата.

Ласерот има антиинфламаторно дејство на лојните жлезди, па е одлична терапија за масна и проблематична кожа. Ласерскиот зрак моментално ја убива бактеријата Propionbacterium acne која е причинител на акните. Се постигнува санација на воспалителните процеси, црвенилото и редукција на продукцијата на лојните жлезди.

Третманите се прават подеднакво за мажи и жени.

Акнетерапијата со ласер помага и при процесот на заздравување на белезите од акни, затоа што делува на сите слоеви на кожата, причинувајки реепителизација на површинските слоеви и синтеза на колаген во подлабоките слоеви што доведува до санација на белезите – лузните, а исто таков ефект има и на ублажување и елиминирање на неестетските стрии (овие преставуваат всушност атрофија на кожата, раскинати колагени влакна, а поттикнувајќи ја продукцијата на колагени влакна постапно се заменуваат и ублажуваат дефектите на кожата, се затега и се израмнува, измазнува).

Имате избор! Не дозволувајте акните да ви го превземат целото ваше и вниманието на околината, да ве окупираат и да ја нарушат самопочитта и сигурноста во себе. Закажете стручен преглед на кожата и препораки спрема индувидуалната состојба или кожен проблем и запомнете „Убавина, но здравјето пред се, чувствувајте се добро во својата кожа“.

Доколку сакате да прочитате за дополнителни третмани на акнетерапија – притиснете тукаСите овие процедури ги изведува лекар, специјалист по дерматологија.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular