Имате проблем со капилари на нозете, лицето, носот или телото? Најново во Ла Белеца центар, ласерското отстранување на капилари со најсовремен васкуларен ласер кој е:
  • безбеден за користење;
  • ефикасен со брзи резултати;
  • безболен и нема потреба од анестезија. 

Се работи на сите испукани крвни садови со пречник од 0,5 до 2,5mm без разлика на кој дел од телото се лоцирани.

Како функционира ласерот за отстранување на капилари?

Ласерскиот сноп поминува низ кожата без да ја оштети, а завршува во крвните садови доведувајќи до процес на нивна облитерација преку процес наречен фототермокоагулација. Тоа значи дека светлосната енергија на ласерскиот сноп се претвара во топлинска, која врши коагулација на крвниот сад, по што доаѓа до негова облитерација (поништување, бришење).

Третман на капилари на носот: 

Индикации за користење на ласерска терапија за капилари:

Сите врсти на капилари на лице и тело: 
  • Telangiectasia and spider nevus
  • Capillaries and haemangiomas
  • Venus and venous capillaries

Важно е да се нагласи дека проширени вени не може да се третираат со овој ласер, ниту со било која друга процедура освен хирургија.

Колку третмани се потребни за комплетна елиминација? 

  • Малите капилари, најчесто исчезнуваат уште од првиот третман.
  • 2-4 третмани се потребни за комплетно отстранување на останатите.
  • Забелешка: Цената се плаќа од регија, а не од бројот на третмани.

Нешто повеќе за процедурата:

  • третманот трае од 10 до 60 минути, во зависност од регијата;
  • брзо, безболно и нема несакани ефекти;
  • со тертманот се постигнува превенција на понатамошно ширење на капиларите и нивните мрежи.

Апсолутни контраиндикации за третман:

  • употреба на антикоагулациона терапија и коагулопатија
  • бременост
  • преканцерогени или малигни канцери на кожата 

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk