Ласер терапија – нови страндарди на брзина, безбедност, ефикасност и удобност. Препуштете го бричењето на посилниот пол! 

Примената на најнова технологија на ласери не ополномоштува да се соочиме со барањата и потребите на пациентите за естетско подобрување и задоволување на најшироките домени на оваа здравствена и естетска потреба.

Комбинација на 3те најдобри Ласери: Alexandrite (755nm), Nd:YAG (1064nm) и Diode (808nm).

Најефикасна и најбрза епилација на влакна дури и на седи (бели) влакна!

Новата технологијата дава моќ да испорачува сеопфатен домет на клинички докажани апликации за успешен третман на најширок спектар на бои на кожата како и соодветна боја на влакната на сите 7 типа на боја – тен на кожата према поделбата од Fitzpatrick Skin Classification, што е невозможно со конвенционалните ласери.

Време е за трајна редукција на несакани влакна по лице и тело.

ЛАСЕР ЕПИЛАЦИЈА

Одстранувањето на влакната е една од 5-те најпопуларни естетски процедури и во исто време е и тренд и потреба на секоја жена, a посебно популарана е ласерската епилација на препоните и пазувите. Третманите посебно во овие регии се препорачуваат и како тераписко средство како еден од многу честите проблеми кај девојките а тоа се враснатите влакна, воспаление на влакнениот фоликул (фоликулитис) при што често доаѓа до создавање на зацрвенети бубулици и гнојаници, а бидејќи клиентите сами се обидуваат да ги „средат“ овие проблеми, воспалителниот процес може да го зафати дури и перифоликуларното ткиво и да се прошири во длабина – хиподерм, па да настанат дури и чиреви на кожата.

Потоа и воспаление на апокрините потни жлезди (хидраденитис) кои можат да се јават како последица на други методи кои жената честo ги употребува, на прво место бричењето, апаратчиња за депилација па дури и депилација со восок, а депилационите креми со својот хемиски состав често доведуваат и до алергиски реакции на кожата.

Уредноста и естетиката во денешно време се тоа што треба да ве издвојуваат и истакнуваат во околината,се разбира ако тоа вам нешто ви значи. ТРАЈНОСТ: трајна не значи и доживотна, но со сигурност значи СОЛИДНА РЕДУКЦИЈА!

Треба да се знае дека влакната живеат околу 5 години а при тоа растат во 3 циклуси. Ласерот влијае само на влакната во активната фаза на раст и развој на влакното чија процентуална застапеност е 85-90%. Говориме за оптимална серија од 6-8 третмани (посветлите влакна исто успешно се третираат со некој третман повеќе).

Можноста за комплетна контрола и над останатите влакна се спроведува по соодветен период кои се разликува индивидуално но вообичаено е 3, 6 месеци па на година дена од првата серија. На тој начин можно е елиминирање на оној процент од 10-15% заостанати влакна кои и не се некои проблем со оглед на тоа дека тие се веќе во намален број и со многу променет квалитет, во смисла на тоа да се многу послаби, меки и помалку забележливи.

ФАЗИ НА ТРЕТМАНИТЕ

Прва напомена е дека реакциите се строго индувидуални (на што влијаат многу фактори кои лекарот при прегледот детално ќе ви ги презентира према вашиот тип на кожа, локален статус на регијата како и општиот здравствен статус, дали и кои медикаменти евентуално ги земате, постоење на некои системски заболувања, одредени физиолошки и вонредни состојби пратени со дисбаланс на хормоните како на пример пубертет, адолесценција, бременост, менопауза.
Различни се и ефектите кај одредени регии, делови на телото кои се третираат, но сепак генерално очекувани фази се следниве:

1.ФАЗА-Фаза на краткотрајно мирување – од само 2-5 дена после самиот третман во кој умртвените влакненца привремено мируваат во третираниот дел од кожата

2.ФАЗА-фаза на испаѓањетоа е фаза на потреба од елиминирање на ,,страните тела,, од кожата и интензивно избивање. Ако влакненцата се остават на кожата тие за 10-тина дена самите ќе испаднат (индивидуално кај некој тоа се одвива и за само 5-6 дена)

3.ФАЗА-фаза на мирување

4.ФАЗА на повторен раст – завршна фаза на циклусот помеѓу два третмана кога влакненцата повторно растат, но во намален број, за ефектот на редукција, во многу променет квалитет, во смисла на послаби, помеки и помалку забележливи…

За што подобри резултати и максимални ефекти потребно е почитување на неколку основни правила:

  • Месец дена пред треманот како и во тек на ласерскиот треман третираната регија не треба да се депилира или чупа
  • Доколку пациентот од естетски причини (посебно при третирање на лицето) нема трпение да ја помине фазата на самоотпаѓање, она што донекаде се дозволува е исклучиво поткастрување на влакненцата со ножички или брич
  • Да се одбегнува солариум

Кои делови од телото можат да се третираат?

Може да се работи на било кои дел од телото. Ласерскиот зрак продира само неколку милиметри во кожата така да не ги допира, не ги пореметува жлездените структури кои се наоѓаат значително подлабоко. Одберете го најдоброто! Медицински ласери се најсовремени, максимално усовршени модели со значајно подобри и потрајни резултати

Најчесто прашање на пациентите е дали ласерскиот третман има несакани последици?!?

ДА, само ако го работи нестручно лице! Треба да се има во предвид дека според врвната технологија нестручна примена на ласерската епилација е опасност за вашата кожа и можат да предизвикаат сериозни пореметувања. Бидете внимателни при изборот кому ќе ја доверите кожата на вашето лице и тело. Кожата е најосетлив орган на нашето тело а ПОСЛЕДИЦИТЕ СЕ ТРАЈНИ – изгореници, лузни, флеки, до тешки деструкции на кожата, непрепознавање на малигни промени или други сомнителни промени, инфекции, итн……Затоа и се бара врвна стручност што подразбира исклучиво спец.дерматолог чие образование, искуство и примена на најсовремена ласер технологија се гаранција за безбедност и добри резултати.

ЛАСЕРСКИ ПАКЕТ И ЦЕНИ: Кликнете тука.

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk