Обединетите Арапски Емирати се федерација од седум емирати, поставени на влезот на персискиот залив, на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров во југозападна Азија. Емират претставува политичка територија управувана од страна на династички арапски монарх, наречен Емир. Повеќето Емирати денес се исчезнати и се интегрирани во една поголема држава или ја имаат сменето титулата на владетелот (Малик, Султан..). Главен град на ОАЕ и втор по големина е Абу Даби, а најголем е Дубаи. Претседателската и премиерската функција е наследна, во моментов претседател е емирот на Абу Дабу – Калифа бин Зајед ал Нахјан, а премиер е емирот на Дубаи – Мухамед бин Рашид ел Мактум или познат како шеик Мухамед.

Обединетите Арапски Емирати: Абу Даби (Abu Dhabi), Аџман (Ajman), Дубаи (Dubai), Фуџејра (Fujairah), Рас ел Хајма (Ras al Khaimah), Шарџа (Sharjah) & Ум ел Кајвајн (Umm al-Qaiwain)
ГАЛЕРИЈА

Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 – 35 степени.

Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Метрото е се’ уште во изработка и во моментов се активни 2 линии. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути, додека трамвајот е се’ уште во изградба.

Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

  • Скопје – Дубаи ден 1 Полетување од Скопје во 13:05 часот (FZ792), слетување во Дубаи во 21:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
  • Дубаи 2 ден до 3/4/7 ден. Престој во избраниот хотел на база на ноќевање со појадок, слободно време за индивидуални активности и одмор.
  • Дубаи – Скопје 4/5/8 ден. Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:15 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:15 часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација  Скопје – Дубаи – Скопје (авиокомпанија “Fly Dubai”)
  • Сместување во одбраниот хотел  на 4/5/7 ноќевање

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Трансфери во Дубаи: аеродром – хотел – аеродром  – Аеродромски такси во износ од 50 € (износот е променлив)
  • Туристичка виза за ОАЕ 85 € – Патничко осигурување – Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Деца од 0-2 год. плаќаат 25 € и немаат место во авионот
  • Деца од 2-12 год. плаќаат за авио билет  (износот е променлив)  со седиште во авион,  добиваат попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
  • Трето возрасно лице плаќа авио билет  (износот е променлив) добива попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата.

НАПОМЕНИ:

  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош
  • Можна е доплата за време на настани и манифестации (информации во агенцијата)
  • Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста на хотелите.
  • Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите или промена на курсот при размена на валути USD/EUR.

ВИДЕО: 10 работи кои треба да ги посетите во Дубаи

За повеќе информации јавете се на 070 268 009 или контактирајте не на info@labellezza.com.mk

Се наоѓаме во Општина Аеродром, на самиот влез во населба Ново Лисиче, главната раскрсница на главниот булевар Видое Смилевски Бато бр. 3 и бр. 7, деловни простории на приземје, на површина од 300 m2.

Контакт Телефон: 070 268 009 Контакт е-маил: info@labellezza.com.mk
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center