Апаратот е внимателно дизајниран како комбинација на третмани за разбивање на масни наслаги, лимфна дренажа и магнето терапија за зацврстување на кожата користејки висока технологија за масажа, електротерапија и пресо терапија за да се добијат извонредни ефекти на редизајнирање на телото.

Лимфната дренажа-помага во хармонизација на ткивото и обезбедува елиминација на токсини и штетни продукти на метаболизмот чиј rезултат е обнова и опоравување на организмот во целина и зголемување на имунитетот, намалување на стресот, смирува, опушта и овозможува мирен сон. Исто така, лимфната дренажа и релаксира.

Брзи резултати во одстранување на лимфниот застој и лимфедеми,задршката на вода, отоците и боловите од нив по телото а ефектот на лицето е одстранување на подочњаците и кесичките под очи како знаци на замор и стрес..

Помага во елиминација на целулит, венски застој и инсуфициенца, детоксикација и клеточна стимулација.

Повеќефазен пристап-активација на метаболизмот на мастите, јакнење на сврзното ткиво, стимулација на лимфниот проток.

1.Инфрацрвените зраци-инкорпорирани во апаратот директно влијаат на дебелината на масното ткиво преку продор на жешка енергија забрзувајки ја циркулацијата на крвта и лимфата, активирање на метаболизмот, брза биохемиска реакција конзумирајки АИП делба на масните клетки, забрзува абсорбцијата на хранителни компоненти, а притоа го забрзува исфрлањето нечистотии, промовира заздравување на рани. Инфрацрвените зраци делуваат на ниво анјон-катјон и хармонизација на киселини-алкалии во кожата

2.PRESOJET Лимфна Дренажа применет после третман на кавитација, криолиполиза или други методи за слабеење, го појачува нивниот ефектот затоа што го убрзува и олеснува патот на елиминација на разградените масти и детоксикација. Со забрзана лимфна дренажа и разложување на поткожните масни наслаги ,со подобрување на крвната микроциркулација, се регенерира и зацврстува сврзното ткиво. На тој начин целулитот се редуцира а кожата постанува еластична,затегната и цврста.

AIR BAGS- воздушните пернициња, се пумпаат и испумпуваат преку регулација на притисокот кој може да ги одвои и да ги разори масните клетки. Слабиот бионички електрицитет ги стимулира нервните завршетоци на епидермисот и ја зацврстува млитавоста на кожата.

МЕХАНИЧКА ЛИМФНА ДРЕНАЖА се спроведува со смирени ритмични импулси по принцип на дилатација и констрикција по ритам на 6 програми. Брановите контракциите се движат во правец на природната, физиолошка лимфна дренажа кои од кожата се пренесувааат на цел организам, телото се опушта, отпадните материи полесно се одстрануваат од организмот, а клетките непречено се снабдуваат со кислород а со тоа и исхраната, со што се враќа енергијата на уморената клетка а притоа се елиминира јаглеродниот диоксид и штетните материи.

За кои клиенти е посебно наменета Лимфната Дренажа?

Лимфната дренажа е поволна за секој клиент барем еднаш неделно како третман за детоксикација, а посебно поволно влијае во текот на бременоста како и после породувањето, пред и после операции, тренинзи кај спортисти, кај лимфни едеми и гнојни рани, улцери (чиреви) на нозе но и на абдоминалниот, стомачен предел со посебен удел на подобрување на работата на тенкото и дебелото црево и проблемите со оптипација, затворот.

Лимфните Ракавици посебно е препорачуваат за третман на горниот дел на телото во превенција но и во треман кај веќе заболени од канцер на дојка.

Инфрацрвените Зраци – лечат рани кај дијабетичари – овие пациенти имаа ниско ниво на азотен оксид во крвта бидејки нивниот инсулин зависни крвни садови стануваат помалку одговорни, чуствителни за азотниот оксид. Така, во случај на надворешна повреда, на нивните рани им треба подолго време за задравување. Инфрацрвените Зраци го олеснуваат ослободувањето на азотен оксид па за време на пораст на крвната циркулација раните заздравуваат побрзо.

За висок крвен притисок– подобрува циркулација во телото и ја олеснува срцева пумпа

Акни-под дејство на Инфрацрвените зраци АТП-аденозин трифосфат, молекули кои вршат трансфер на хемиската енергија во клетките потребна за метаболички процеси, биваат активирани и ги убиваат бактериите насобрани во порите, а кога нема бактерија нема инфламација па акните се повлекуваат.

Во конкретниот случај кај тремнан на разбивање на целулитот,инфрацрвената светлина е сублимат на сите овие бенефити во забрзано разложување, разградување на масните наслаги, елиминација на заробената вода и нејзина забрзана елиминација по пат на лимфна дренажа.

ТРЕТМАНОТ ТРАЕ 30 МИНУТИ, на скафандерот на крајот од истиот веднаш впечатливи се два ефекта, првиот на неверојатно ,,лесни,,нозе и вториот на полна бешика. Кожата, подкожното масно ткиво и организмот воопшто се ослободени од безброј бескорисни материи и течности кои пак на кожата и го даваат тој препознатлив целулит портокал изглед.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk

 

SHARE
Previous articleМасажи
Next articleКозметички Услуги
labeladmin
La Bellezza Center - Aesthetic Dermatology, Medical Cosmetology, Anti-aging, Slim & Body and TRAVEL Agency