Wednesday, April 24, 2024
spot_img
домаКозметологијаКозметички УслугиДали е нормално мажи да користат СПРЕЈ-ТЕН?

Дали е нормално мажи да користат СПРЕЈ-ТЕН?

Затегната, исончана и убава кожа е привлечна за секој маж и жена, особено „потемниот тен“ бидејќи е најлесен пристап за нагласување на формата на телото. Во некои општества естетските процедури за мажи сè уште се стигматизираат, но во Холивуд од дамна не е така.

Ако сте „нови“ во светот на тенот, мора да дознаете се за тен спрејот. На тој начин, нема да подлегнете на лажен изглед или портокаловиот сјај. Следете го овој напис за повеќе информации.

Што да очекувате од „Спреј-тенинг“?

Тој претставува „Пудра“ за вашето тело. За само 5 до 10 минути имате совршен бронзен тен (во нијанси и јачина по желба). Тој одлично ги покрива неестетските стрии, целулит, капилари. Едноставно, тен без флеки кои рамномерно се губи. Исто така, темната боја влијае на подобро исцртување на вашите контури, особено доколку се занимавате со бодибилдинг или пак спортувате.

За разлика од солариум или прекумерното сончање на отворено, со Spray Tanning немате никаков ризик од штетните UV зрачења!

Што треба да очекувате на денот на закажувањето?

#1 Избричете се 12 часа пред прскањето со спреј-тенинг

Важно е вашата кожа да е мазна пред да започнете со прскање. Направете го истото од 12 до 24 часа пред процедурата. При бричење, на површина доаѓаат нови, свежи клетки кои се сензитивни и со потенцијал да бидат лесно иритирани. Бричење веднаш пред третман, може да доведе до црвенило.

#2 Отстранете го мртвиот слој на клетки

Користејќи scrub или пак ексфолијација со средства при туширање, ќе ја израмните кожата максимално, а со тоа и ќе го подобрите нивото на тенот при прскање.

#3 Одберете квалитет

Нашиот апарат е од Данско потекло, одобрен од FDA (Food and drag Administration). Содржи DHA – Di-Hidroksi-Acetone – активна компонента која ги заситува мртвите клетки во најдлабокиот слој на кожата.

#4 Преспијте ја вечерта без туширање

Повеќето салони препорачуваат да почекате најмалку 5 часа пред да се туширате и миете по користење на спреј-тенинг. Сепак, најдобро е до следното утро да го задржите на себе.

Одбегнете лош, портокалов и вештачки тен со нашиот „SUNFIX“ во Ла Белеца.

По апликација, тенот останува на вашето тело од 7 до 10 дена.
Цена:
 1.500 денари.

 La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular