Мезотерапија – минимално инвазивна метода која се состои од вбризгување на инјекции со коктел од лекови, витамини, минерали и други активни супстанци во поткожното ткиво. Овие коктели стимулираат пред се интензивна нутриција и ревитализација на кожата и ткивата, делуваат против целулитот и масните клетки, имаат силно анти-оксидативно дејство, ја хидрираат кожата и многу други витални ефекти.

Со нивното делување, крајниот ефект доведува до:

  • Подмладување, ревитализација и разубавување на кожата
  • Затегната, цврста и сјајна кожа
  • Превенција на појавување на први брчки и редукција на веќе постоечките
  • Намалување на целулитот и масните наслаги
  • Природен лифтинг и затегнување на кожата

REVITACARE Biorevitalization – техника за ревитализација и CYTOCARE техника за интензивна нутриција!

Цена: 1.500 денари! Најдобро одат во комбинација со класичен третман. Класичен третман + апликација на мезококтели: 2.500 денари.
Забелешка:
Пред апликација на мезококтелот, добивате гратис дијамантска микродермабразија.

Изгледајте секогаш свежи и со блескав изглед на кожата. Здрава, глатка и убава кожа со повратен тонус, затегнатост и свежина. Третмани за подмладување и разубавување и за потполно опоравување на кожата на лицето, вратот и рацете.

Зошто да ги одберете овие техники и каков е очекуваниот ефект:

  • Реконструкција – превенција на први брчки и редукција на постојаните
  • Интензивна Оксигенација – делува анти-оксидативно превенирајќи процес на стареење кое е причинето од надворешни фактори како загаден воздух, стрес, никотин или внатрешни фактори како што се годините и генетиката
  • Интензивна и длабока хидрација – намалува фини брчки причинети од дехидратација на кожата, со длабоко поставување на резерви на вода
  • Ревитализација и регенерација – активира метаболизам и активност на клетките на кожата, хиповитаминоза и кожни проблеми поврзани со неа.
  • Лифтинг – затегнување на опуштена, атонична кожа на лице и подбрадок, видливо избелување и намалување на подочњаците
  • Тајната на МАДОНА и позната како HAND Rejuvenation со мезококтели 
  • Anti-aging коктелите за “Camera Ready” изглед на Katy Perry & Carla Sarcozy

STREТCHCARE – линија за стрии и опуштена кожа!

Stretchcare техниката се користи за затегнување на опуштена, атонична кожа (на стомак, надлактици, надколеници), затегање на кожата, редукција на лузни и стрии (овие преставуваат всушност атрофија на кожата, раскинати колагени влакна), а поттикнуваат продукција на колагени влакна кои постапно се заменуваат и ублажуваат дефектите на кожата, таа се затега и се израмнува, измазнува.

Формула на невкрстена хујалуронска киселина, ДМАЕ, минерали и Б5 витамин наменети за специфично подигање на тонусот и зацврстување на кожата.

Стрии – DMAE ги затега колагените влакна и на тој начин значајно ги ублажува младите стрии, а истовремено ги редуцира поголемите стрии а нивната боја е видливо намалена, односно ги прави побледи. Хијалуронот хидрира и реконструира, а минералите и витаминот Б5 го зајакнуваат природниот одбранбен механизам на кожата и борбата со слободните радикали,подобрувајки ја функцијата на клетките со следствена улога за помлад и посвеж визуелен аспект на кожата.

Д-р Наташа Марковска-Василевска е едуцирана и сертифицирана од Revitacare Laboratory (France) 

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk