Еден од најпознатите хрватски дерматолози, д-р Калитерна за мезо-конците ќе каже: „Многу сум револтиран кога ќе прочитам на форуми нешто лошо за мезо-конци, а особено од некои лекари и колеги. Работам со оваа метода 4 години, имам само најдобро искуство, а мезо-конците ја откриваат креативноста, знаењето и уметноста на докторот“.

Во Ла Белеца центарот велиме: „За мезо-конци вели лошо, само тој што не знае да ги аплицира, ниту има искуство со нив. Нема лоши конци, има лекари кои не знаат да работат со нив“. 

Што се мезо-конци? Погледнете го краткото видео на Ла Белеца:

„Почнав да користам обични мезо-конци и од материјал таканаречен “PDO” кои се еден вид на хируршки конци. Тие се аплицираат под локална анестезија, на повеќе регии: лице, врат, стомак, раце, нозе. Конците освен што даваат арматура на кожата, дел од нив прават и класичен “lifting” односно подигнување и обликување на лицето. Тие се разградуваат внатре на најприроден начин, а на местото на апликација се случува комплетна регенерација и ефект на зацврстена, подмладена кожа“ – вели хрватскиот дерматолог. Тој на својата веб-страна и форум истакнува:

“Mnoge žene navode par mjeseci nakon tretmana da im je koža znatno bolja upravo zbog razgradnje konca što potiče taj efekt pomlađivanja”

Големината на конците нема никаква врска со ефектот! 

Сите конци се ефективни, иако постојат повеќе вида. Од класични мезо-конци (мали, средни, големи), па се до PDO конци. Ако имате добра кола, а не знаете да ја возите, тоа не значи дека колата не ја бива. Најголем проблем со мезо-конците вклучително PDO, е тоа што ги користат луѓе кои немаат доволно искуство, образование и тренинг со истите.

„Колку повеќе ја повторувате процедурата, толку резултатите се подобри! Тие се арматура на нашето лице, темел на градбата“ – вели хрватскиот дерматолог д-р Калитерна.

По апликација на мезо-конците, можни се неколку компликации: a) појава на мал оток б) минливи неправилности на кожата бидејќи истата реагира на конците како и в) црвенило. Сепак, сите овие појави се краткотрајни.

Ако сте имале лошо искуство со мезо-конци, обратете ни се!

Мезо-конците се исклучиво тежок третман т.е. не се за секој доктор. Тука, најмногу доаѓа до израз способноста но и креативноста на лекарот. Така, приказните дека „мезо-конците не се добар третман“, не држат вода. Во Ла Белеца центарот, работиме повеќе од 29 години во естетика, медицинска козметологија, медицина и дерматологија, а обучени сме од најдобрите лекари на Балканот, но и во светот (Калифорнија, САД), за апликација на мезо-конци.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk