Thursday, March 28, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедури Корекција на подочници: Причини и решение

[ВИДЕО] Корекција на подочници: Причини и решение

За да ја разбереме причината за појава на подочници, треба да ја знаеме основната разлика помеѓу кожата во тој предел и остатокот од лицето. Кожата во пределот под очите е многу тенка и во споредба со другите предели од лицето, не е заштитена со поткожно ткиво. Недостатокот на сон, преголемата конзумација на цигари, алкохол и кафе, се чести причини за проблеми со подочниците. Но, горенаведените две причини, последователно придонесуваат кон сите останати „проблеми“ со подочниците!

Кога ќе задоцните со превенција, време е за корекција. Како? Погледнете на видеото.

Кожата во овој предел е речиси транспарентна и крвните садови можат да се видат. Различни причини може да доведат до појава на впечатливи подочници, па затоа, како превентивни мерки треба ги намалиме конзумацијата на алкохол и лоша исхрана. Исто така, регулиран биоритам и правилен сон се нужно потребни. Сето тоа, дополнето со редовна нега, ќе ја подобри состојбата или одложи проблемот. Но дефинитивно, ништо не може да биде толку ефикасно, брзо и да трае долго како корекцијата со хијалуронска киселина.

Темни кругови околу очите: Зошто се појавуваат?

Разни фактори може да предизвикаат спуштање на нивото во крвта под очите, што доведува до нејзино затемнување, а тоа веднаш се познава под кожата. Темните кругови под очите може да бидат генетски наследни или да настанат од некаков вид на недостаток. Недостатоци на одреден витамин или минерал може исто така да бидат причина за темни кругови под очите. Затоа, преголемата и претерана консумација на кафе, алкохол, junk food и цигари, може да придонесат и до појава на темни кругови под очите.

Како старееме, кожата е потенка. 

Со текот на годините, кожата како и секој друг дел на телото, старее. Станува сѐ потенка, па така и крвните садови почнуваат да се проѕираат. Затоа раната нега и грижа за чувствителната област околу очите е особено важна!

Дали сакате да им се спротиставите на темните кругови околу очите? Тогаш постојат  три можности:

  • спречување (долготрајно, како на пример со креми за околу очи за циркулација на крвта во кожата и доволна хидратација)
  • прикривање (со пудра)
  • ПРИРОДНА КОРЕКЦИЈА: Дермални филери во Ла Белеца Центар

Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал. Хијалуронскиот филер за подочници е 250 евра за 1ml [цел шприц].

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular