Thursday, March 28, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедуриPROFHILO – моќноста на новата формула на филери

PROFHILO – моќноста на новата формула на филери

Не е ботокс, не е класичен филер, а сепак основната компонента е слична. Слична процедура, но комплетно различна во дејство, начин апликација и функционирање. Профило е продукт кој е достапен на светскиот пазар веќе неколку години, а во Ла Белеца центарот и прв пат во Македонија уште од 2019 година: Profhilo®. „Кога прв пат видов тренинг со Профило, веднаш реков: Тоа е тоа што ми недостасуваше!“ – вели познатата блогерка Д-р Сара Тонкс од Лондон. Потоа ќе додаде: „Профилото е хијалуронска киселина која не е со cross-linked состав како што се останатите. Тие се специјализирани за да останат на местото на апликација за да пополнат усни, брчки и останати неправилности. Профилиото е нешто сосема друго“. Формула која се разложува низ целата регија: Како стабилизиран производ Profhilo® активно дејствува во кожата околу 28 дена. За ова време, стимулацијата на 4 различни типа на колаген и еластин се одвива со бавно ослободување на хијалуронска киселина. ПО АПЛИКАЦИЈА, ДЕЈСТВОТО СЕ ПРОШИРУВА НИЗ ЦЕЛАТА РЕГИЈА За разлика од класичните филери за уста, бркчи и останати филери кои примарно се користат за волумен, овој хијалурон (Профилио) не е за таа намена! Напротив, наместо додавање на волумен на местото на апликација, профилиото се разложува низ целата околна регија и пенетрира во секоја микро-структура во кожата, односно се користи за биостимулација. Профилио содржи инзворедно висока концентрација на хијалуронска киселина (64mg/2ml). Класичните филери се со композиција од 23 до 25mg/mlПокрај интензивна хидратација на кожата, стимулира продукција на фибробласти, кератиноцити и адипоцити. ВИДЕО: Како функционира Профило Profhilo®
Се аплицира само на 5 точки (види слика подолу)! При инјектирање, пред се ја врзува водата во ткивото. Секундарно влијае врз стимулација на продукција на колаген и еластин на местата каде што се аплицира и околните регии. На тој начин, се подобрува површната текстура на кожата, а влијае и во дермисот. Тоа во симплифициран превод би значело: подобра хидрација и сјај, повеќе светлечки изглед и свежина во изгледот. Исто така, подобрување на внатрешната состојба на брчките како на приказнот од сликата.
  • Важна карактеристика се должи на високата кохезивност на PROFHILO®. Поклонете си длабока пенетрација на хијалурон со оптимален капацитет на интеграција на ткивата.
  • Ремоделирање на екстрацелуларен матрикс.
  • Зајакува еластицитет, поддршка на потпорното ткиво и совршена блескавост на лицето.
  • Стимулира 4 различни типа на колаген и еластин.
  • Наменет за отклонување на брчките од внатрешноста на кожата
  • Користи нова NAHYCO технологија на дејствување. Иновативен термален продукт.
  • Одржува здрава средина за стимулација на кератиноцитите, адипоцитите и фибробластите.
  • Специјална формула со способност да тече рамномерно низ целата анатомска состојба. Хомогено се проширува.
  • Интензивна хидратација на цело лице или врат.
Времетраење на третман: Не повеќе од 20 минути. Анестезија: Не се користи. Болка: Не, но се чувствува како топлина на точките на апликација. Пост-третман: Се појавуваат како набабрени отоци на местата на апликација (5те точки), но за 12 до 24 часа се повлекуваат. VOGUE, BAZAAR, GRAZIA, THE TELEGRAPH: Профило се најде на насловните страни како препорака од скоро сите светски познати брендови  КАКО СЕ АПЛИЦИРА ПРОФИЛО? Пред се, треба да се знае дека различна е апликацијата на лице, врат и тело. ЛИЦЕСе аплицира на 5 специфични и точни места на лицето. Овие 5 точки ги идентификуваат 5-те анатомски рецептивни области на лицето со отсуство на големи садови и нервните гранки, според тоа, минимизирајќи ги ризиците за време на процедурата истовремено максимизирајќи ја дифузијата на производот. ВРАТ: Кликни за повеќе – ПРОФИЛИО: Апликација на врат!  Историјат на третманот со Профилио: Прв пат употребен во Италија во 2015та година. Тестиран меѓународно пост 2016та година. До 2018 година, направени се 500.000 апликации низ светот, а веќе од 2019та година станува хит во светот. Веќе 4 години успешно аплициран и во Ла Белеца центар. Бидете меѓу првите и поклонете си вистински лукзус за вашата кожа на лице или врат. ЦЕНА: 300 евра за еден третман. ПРОМОЦИЈА: 500 евра за два третмани кои се прават на разлика од 1 месец.
ПРОФИЛИО препаратот е добитник на следните награди: Best Skin Enhancement Product, Aesthetic Awards – the Barry Knapp award for product innovation of the year & Aesthetic Winner – The Aesthetic Guide/THE Aesthetic Industry Award.
👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 31 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Skin, Skincare, Beauty & Cosmetics.
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular