РАДИОФРЕКВЕНЦА – електромагнетна енергија причинува топлинска сензација, го зајакнува постојниот колаген, а создава нов ефект на затегната кожа. Потребни се барем 10 третмани, а резултатите не се гледаат веднаш, барем не во полн ефект, туку се развиваат постапно во наредните недели.

Дејствува на принцип на брза измена на поларитетот на електричното поле, што пак наизменично ги привлекува и одбива електроните и набиените јони во кожата и поткожното ткиво. Природниот отпор на ткивото (импенданса) на тоа одговара со развој на топлина, што пак последователно доведува до вазодилатација, го подобрува локалниот метаболизам, го зголемува мускулниот тонус, растегнува ткивото и активира фибробластите како и создавањето на нов колаген.

Наменета за естетската медицина и козметологија како нехируршко подмладување на лицето и телото – резултатот е видно подобрување на изгледот и тонусот на кожата, која станува затегната, мазна и делува значително помлада во однос на изгледот пред терапијата.

Пакет од 10 третмани
Треман на лице со RF (радиофрекфенца) дополнето со масажа на лице, врат и деколте. Третман наменет за двата пола.
Третманот трае 30 минути.
Се повторува 2 пати неделно.
ЦЕНА: 4.000 денари 

„Ако сте пробале се и сте биле секаде, а не сте задоволни од ветувањата и резултатите, нека ви бидеме откритие на година како што често не нарекуваат“ – Ла Белеца центар

Секој третман на лице и тело во La Bellezza започнува исклучиво со дерматолошки преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог. Исто така, дерматологот е одговорен и за самиот третман на чистење на лицето.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432
Е-mail: info@labellezza.com.mk