Пилинзите се класични киселини, а врз база на силата на киселината, секој од нив пенетрира различно длабоко во кожата. Затоа, може да ги поделиме на 3 основни видови: 1) Superficial peeling – кој продира на најповршниот слој, епидермисот. Овие пилинзи се послаби, ексфолијативни, познати како “lunch-time” пилинзи и предизвикуваат лупење на кожата. Пример за овој пилинг е AHA (Alpha Hydroxy Acids). Совет за AHA киселината: Пред апликација, исчистете го лицето и почекајте да се исуши кожата. Не аплицирајте на влажна кожа! Нанесете рамномерно преку лицето и вратот користејќи ги врвовите на прстите, избегнувајќи ја областа околу очите.

2) Medium Depth Peels – тоа се пилинзи од групата на TCA кои пенетрираат подлабоко во кожата. Пример за ваков пилинг е добро познатиот PRX-T33. PRX- T33 е пилинг од 33% TCA киселина специјално создаден за комбинација со повеќе методи, без видлив процес на лупење и застој. За разлика од другите хемиски пилинзи, PRX-T33 е безбеден да се направи во лето односно кога изложувањето на сонце е неизбежно.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА PRX-T33 ВО ЛА БЕЛЕЦА ЦЕНТАР: 3.000 денари поединечен третман или комплетни 3 препорачливи третмани со PRX-T33 за 7.500 денари.

Поединечен третман на лице со врат и деколте со PRX-T33 4.500 денари или пакет од 3 препорачливи третмани 10.500 денари. Една од најголемите грешки при нега на кожа што жените, но и мажите ја прават, е третирање на лицето, а не и на вратот (или и деколтето, кај одредени случаи).

Последниот вид на пилинзи се 3) Длабоките пилинзи кои се премногу агресивни и се користат само во специфични случаи. Кој пилинг е најпогоден за вашата кожа, може да одреди само искусен дерматолог или лекар.

Препорачливо да се прочита: Сите видови на третман на вратот во Ла Белеца:

NECK Therapy: Сите процедури за врат

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk