Пенетрацијата на материи односно продорот на супстанците од кремите за подмладување, против акни, колагенски препарати, препарати на база на хијалуронска киселина и друг вид на anti-aging продукти, е многу битен процес чија цел е достигнување на максимални резултати.

Колку е подлабок продорот низ кожата на овие продукти, толку подобри резутлати треба да очекувате.

Постојат повеќе методи во Естетската Дерматологија како и во Медицинската Козметологија кои ви овозможуваат подобра пенетрација како и индирекна ревитализација и регенерација на кожата. Такви методи се:

Дијамантската Микродермабразија

На видеото, можете да погледнете на кој начин се стимулира пенетрацијата како и колкава е разликата во продорот на продуктите кои ги користите. Покрај ова својство, микродермабразијата има уште 5 бенефиции за вашата кожа. Прочитајте повеќе со кликнување тука. Лесно, кратко, времетраење на третманот е 10 минути. Апсолутно безбедно, без никакви несакани ефекти. Цена: 1.000,00 денари. При комбинација на третмани, нудиме дополнителен попуст на цените. Погледнете ги сите достапни третмани во Ла Белеца Центарот со кликнување тука.

DERMAPEN – Револуција во Дерматологијата!

Еден од најреволуционерните методи во Дерматологијата е Dermapen – најнов micro-needling третман на контролирано создавање на микро повреди во кожата која предизвикува цела каскада на настани кои резултираат со стимулурање на ослободување на фактори на раст, што предизвикуваат нови синтези на колаген и еластин кои пак имаат за цел да ја обноват, заздрават и подмладат кожата. Повеќе за ДЕРМАПЕН-от со кликнување тука.

Дерматолошки третмани на лице

Секој третман на лице и тело во La Bellezza започнува исклучиво со дерматолошки преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог. Исто така, дерматологот е одговорен и за самиот третман на чистење на лицето. Во Ла Белеца Естетска Дерматологија, имате можност да бидете третирани од најдобриот естетски дерматолог во Република Македонија, Специјалист по Дерматовенерологија Д-р Наташа Марковска Василевска. Повеќе за третманите на лице со кликнување тука.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk