Возрастa, стресови, хормонална нерамнотежа (пост-раѓање, менопауза …), како и сонцето, цигари и нездравиот начинот на живот се фактори кои дирекно се одговорни за стареењето на кожата. Со текот на времето, линиите се развиваат, тенот  изгледа  матен, кожната текстурата станува нерамна и се појавуваат брчки. Сите овие промени создаваат темни области на лицето а кожата постепено го губи својот сјај па станува сува, тенка и кревка.

Хијалуронската киселина е суштинска и природна компонента на кожата. Се однесува како сунѓер која ја задржува водата и ја одржува кожата хидрирана, затегната и здрава.

Токму поради овој факт, третманите се препорачливи за секоја возраст во зависност од проблематиката:

  • лузни од акни
  • проширени пори
  • дехидрирана и сува кожа
  • уморна кожа
  • подочњаци
  • почетни фини линии/брчки
  • интензивно подмладување
  • комплетна регенерација и рејувенација

Најголемиот виновник за стареење на нашата кожа е оксидативниот стрес. Што се однесува до оксидативниот стрес, балансот помеѓу детоксицирачки молекули (антиоксиданти) и токсични елементи (оксиданти) може да биде нарушен од многу надворешни фактори. Вишокот на оксиданти ја напаѓа кожата што ја намалува еластичноста и тонусот.

Благодарение на TEOXANE Laboratories и TEOSYAL® PureSense Redness [I], сега е можно да се поврати оваа рамнотежа со соодветно негување на кожата одвнатре.

TEOSYAL® PureSense Redness [I] е уникатен подобрувач на кожата на база на хијалуронска киселина што го спречува прераното стареење на кожата, ја враќа густината на кожата, ја хидрира кожата и го одржува сјајот на кожата.

Препаратот содржи висока концентрација на слободна хијалуронска киселина 15mg/g  надоградена со:

  • ДЕРМО-РЕСТРУКТУРИРАН КОМПЛЕКС од 3 високо ефикасни и моќни антиоксиданти, 2 минерали, 1 витамин и 8 амино киселини избрани за нивниот фармацевтски квалитет, не-алергенски својства и компатибилност со хијалуронските киселини

– верзија за протокол насочен кон лице

– верзија на протокол за  вратот и деколте

Ја регенерира енергијата во дермисот!

Преструктуирањето на дермисот и клеточната регенерација: + 98% од колаген-IV и +26% од фибрилин 

  • Силно подобрување на кожна хидратација: 15 пати повеќе кисели GAGs2 во епидермисот
  • Заштита од антиоксидант: – 28% од фото-индуцираниот оксидативен стрес

Терапијата TEOSYAL® PureSense Redness [I] се состои во изведување на микроинјекции низ дермисот, така да хијалуронската киселина и Дермо-реструктуирање комплекс се шират еднакво во кожата.

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адресабулевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Facebook: La Bellezza & Instagram: La Bellezza Center
Телефон+389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk