Beauty филерите кои се на база на хијалуронска киселина се моментално едни од најпопуларните во светот на естетската и anti-aging медицината!

Брзото темпо на живот доведе до голема популаризација на кратките и брзи но ефикасни процедури за подмладување како што е LIQUID LIFT со хијалурон. Хијалуронските филери се во употреба повеќе од 10 години и заедно со ласерите спаѓаат во најфреквентните естетски процедури благодарејќи на нивната ефикасност затоа што само за 10 минути можат брчките да ги елиминираат во потполност, усните да ги пополнат, образите да ги истегнат, а ефектот е веднаш видлив. Се користат:

  • за корекција на сите брчки на лицето суперфицијални, медијални или длабоки
  • ремоделирање на контурите на лицето
  • контурирање и освежување на усните
  • контурирање и корекција на нос
  • пополнување и подмладување на дланките на рацете
  • ВАГИНАЛНА РЕЈУВЕНАЦИЈА – подмладување

Новата убавина на пријатното естетско разубавување и подмладување на најинтимната област – вагината е еден од моменталните луди трендови во Светот. 

Вагината со текот на времето ја губи цврстината и обликот, па хијалуронскиот филер и ПРП методата помагаат во враќање на еластичноста и подобрување на сексуалното искуство кај жената.

Неинвазината процедура се нарекува LABIAL PUFF и овозможува пријатно пополнување на големите усни.

Вагиналното подмладување има за цел да даде волумен, еластичност и да ја рехидрира вагиналната област. Потребни се само 20 минути за изведување на постапката, а ефектите траат со месеци. Новиот козметички третман има за цел да го подобри квалитетот на сексуалниот живот на жените, особено после четириесеттата година, со тоа што би се добило “дизајнирана” вагина без потреба од операции. Исто како што се губи тонусот и еластичноста на кожата на лицето и притоа истото започнува да се збрчкува, овие промени се случуваат и во гениталната зона, а посебно кога ќе започне процесот на опаѓање на нивото на естрогенот.

Усните на вагината се многу слични со усните на лицето и се склони кон венеење, дехидратација, губење на волумен, а подмладување на таа област жената може да ја направи да се чувствува многу посигурно и да го подобри нејзиниот сексуален живот. Жените кои се грижат за своите тела треба да станат свесни дека и гениталната област е дел од нивното тело.

La Bellezza Center 
Естетска и медицинска козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска и медицинска козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk