Пореметувањата во циркулацијата на крв и лимфната дренажа се една од главните причини за несаканите промени на кожата и подкожното тикиво.

Притоа, штетните материи настанати во процесот на метаболизмот се насобираат во поткожјето. Сврзното ткиво прекумерно буи и последица од тоа е таканаречената кожа на портокал – целулит.

ВАКУУМ ( ендомасажата ) се третира како масажа која се работи длабоко во областа на хиподермисот. Разликата со рачна масажа е во тоа што при рачна масажа ткивото се потиснува спрема внатре, а ендомасажата се врши во внатрешноста на ткивото.

Вакуумот помага да се разгради стврднатото ткиво, ја зголемува еластичноста и подобрува текстурата на кожата. Помага во преобликување на телото, зацврстувајќи ги третираните делови.

Вакуумот нуди масажа, ја зголемува растегливоста на сврзното ткиво, врши доток на свежа крв и кислород и активирајќи ја лимфната циркулација доаѓа до постепено отстранување на вишокот течности и насобраните штетни метаболити. Сврзното ткиво станува еластично па доаѓа до измазнување на вдлабнатините и испакнатините на портокаловата кожа, а резултат е убава, мазна и напната кожа.

Вакуум лимфната дренажа го засилува дејството на останатите методи за разбивање на тврдокорниот целулит, а воедно е и многу пријатна.

Како да достигнете максимални ефекти од оваа метода?

За постигнување на неверојатни и заудувачки резултати ви препорачуваме следно:

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk