Мезотерапијата е минимално инвазивна метода која се состои од вбризгување на инјекции со коктел од лекови, витамини, минерали и други активни супстанци во поткожното ткиво. Овие коктели стимулираат пред се интензивна нутриција и ревитализација на кожата и ткивата, делуваат против целулитот и масните клетки, имаат силно анти-оксидативно дејство, ја хидрираат кожата и многу други витални ефекти.

Во зависност од која е нашата цел, постојат неколку вида мезококтели:

  • Мезококтели за разбивање на целулит и масни наслаги;
  • Мезококтели за интензивна нутриција и ревитализација;
  • Мезококтели за коса;
  • МЕЗОКОКТЕЛИ: Витаминска терапија за вашата кожа.

Витаминска терапија за вашата кожа: 2.000 денари.

Како што на вашиот организам му требаат витамини и минерали, така и вашата кожа има потреба од нив. Антиоксидантите се силна потпора за нашата кожа и здравје!

Неколку факти за витамините и нивната улога на кожата: 

  • ВИТАМИН А: ⁣Го поправа оштетувањето на ДНК
  • ВИТАМИН Б: ⁣Ја подобрува текстурата на кожата
  • ВИТАМИН Ц: Го осветлува и изедначува тенот на кожата и го зајакнува колагенот
  • ВИТАМИН Д: ⁣Го намалува воспалението на кожата
  • ВИТАМИН Е: Лечи и хидрира

Како се аплицираат мезококтелите со витаминска терапија?

Третманот се прави без анестезија. Болка нема, но можен е минимален дискомфорт. Пред третманот лицето се припрема со дијамантска микродермабразија и специјална маска за лице. Апликацијата на мезококтелите трае 15 минути, а во пост-терапијата се користи ЛЕД-ласер. Целата процедура трае 30 минути. Цена: 2.000 денари.

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & info@labellezza.com.mk
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Mesotherapy, Skin, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.