Добредојдовте во Ла Белеца – Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија, Anti-Aging Центар & Туристичка Агенција

La Bellezza Center е основана уште во далечната 1992 година. Горди сме на фактот дека сме пионери во развојот на концептот за естетска дерматологија, anti-aging третмани и козметолошка медицина во Република Македонија.

Стручност, големо искуство, максимално одговорен пристап, 24 часа достапност за нашите клиенти. Постојаните стручни усовршувања и континуирано воведување на нови естетско-корективни и тераписки процедури како и современата технологија, обезбедува врвна услуга во нашиот центар.

Да се почитува природниот изглед на клиентот во пријатен амбиент-конфорт, индивидуалниот пристап со максималната дискреција и приватност за клиентите, се наша главна цел.

Ла Белеца Центарот досега ја има изградено довербата на повеќе од 5.000 клиенти од Република Македонија како и поблискиот и поширок регион. 

Во склоп на Ла Белеца Центарот се наоѓа и Туристичката Агенција Белеца Травел која Ви овозможува избор на различен спектар на понуди од патувања во далечни и егзотични земји, крстарења, летовања и зимовања, продажба на авио карти до сите места во Светот од сите авио компании, патничко и здравствено осигурување и друг вид на услуги и аранжмани.

Се наоѓаме во најубавата општина во градот Скопје, Аеродром, на самиот влез во населба Ново Лисиче, главната раскрсница на главниот булевар Видое Смилевски Бато бр. 3 и бр. 7, деловни простории на приземје, на површина од 300 m2.

Ла Белеца Центар – пријател и на животните!

Бидејќи надворешната убавина не значи ништо без убавината на душата, внатрешната убавина, Ла Белеца пронајде сличност со светските трендови на грижа и заштита на животните. La Bellezza Center е голем пријател на животните, на тие наши верни сопатници, а посебно на напуштените улични кучиња и мачки. Ла Белеца секојдневно издвојува одреден износ, време и грижа за подобрување на квалитетот на живеење на незгрижените локални љубимци.

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk