Според американско здружение за естетичари, околу 160.000 апликации на ботокс биле направени кај мажи само во САД во 2017 година!
Покрај помлад изглед, една од најчестите причини зошто мажите се решаваат за ботокс, е и кариерата. Се одлучуваат за ботокс со цел да останат конкурентни на своите помлади колеги. Или пак, кога сакаат да свртат нов лист во животот.
ВИДЕО: Како функционира ботоксот?
Вашето лице треба да го покажува Вашето расположение и емоции, но не и вашите години. Поради тоа, не чекајте да остарете па тек тогаш да почнете со подмладување! Факт е дека колку порано се започне со превентива, толку повеќе стареењето ќе се одложи.
Постојат повеќе од 10 начини на апликација на Ботокс:
- Никој нема да примети дека сте правеле процедура, а сепак сите ќе ја приметат промената и резултатите;
- Процедурата е комплетно безбедна;
- Нема потреба од анестезија;
- Брзи резултати;
- Вашата кожа ќе изгледа помлада и посјајна;
- Се аплицира за 10 минути;
- Ботоксот не трае вечно, па затоа е добро да ја испробате оваа процедура;
- Ботоксот подеднакво може да го користат и мажи и жени;
- Цена: од 4.000 до 6.000 денари од регија, во зависност од потрошените единици (units).;
- Резултатите може да траат долго, а ботоксот има силно дејство од 3 па се до 4, 5 месеци.
Времето поминува но годините може да почекаат!
Една од најважните дилеми при избор на лекарот кои треба да ви ги изведе интервенциите на подмладување, се изгледот на лекарот и дали лекарот има лично искуство. Во Ла Белеца центарот работат само стручни лица (лекари и специјалисти) со повеќе од 31 години искуство во естетска и козметолошка медицина.
“BRO-TOX”: Се почесто користена процедура и од мажите!
Ботоксот во медицината е нашироко употребуван во третмани на најразлични заболувања. Така, најпрво и оригинално бил користен во третирање на невролошки заболувања, а во естетската медицина денес се користи во одстранувањето на фацијалните линии, посебно на линиите на „намрштениот изглед“.
Ботокс третман е најшироко употребуван термин за да се опише процедура на инјектирање на пречистен препарат на ботулинум токсин тип А, производ на бактеријата Clostridium botulinum – во третман на брчки. Ботокс препаратот е одобрен во USA од FDA за естетско медицинско-козметичко користење во април 2002 година со ригорозни критериуми на контрола по безбедноста за здравјето на пациентите
Не постои ниту еден face lifting (затегнување на лицето) кој може така фино, елегантно и потполно да ги испегла брчките како ботоксот. Како магија во рок од 3-4 дена по апликацијата, ќе гледате како ви се „бришат“ брчките од челото, помеѓу носот, веѓите, околу очите и слично, а конечниот резултат е и до 10 години помлади.
La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]