Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаБотоксБОТОКС: Фонтана на Младоста

БОТОКС: Фонтана на Младоста

Што е БОТОКС третман?

Тоа е најфреквентната нехируршка естетска процедура во светот. Вашето лице треба да го покажува Вашето расположение и емоции, но не и вашите години. Поради тоа немојте да чекате да остареете па тек тогаш да почнете да се подмладувате! Факт е дека колку порано се започне со превенција, толку повеќе стареењето ќе се одложи.

Jа затегнува кожата, брчките се „пеглаат“ и се спречува појава на нови.

Дали сте знаеле дека постојат повеќе од 10 различни начини на апликација на ботокс?
Од чело, лице, околу очи, па се до поткревање на носе, терапија против потење на дланки и пазуви, итн.

  • Процедурата е комплетно безбедна;
  • Најчесто нема потреба од анестезија;
  • Резултатите се брзи и ефикасни;
  • Времетраење на апликација: 10 до 20 минути, а ботоксот има силно дејство од 3 па се до 4, 5 месеци;
  • Вашата кожа ќе изгледа помлада и посјајна;
  • Подеднакво се користи за мажи и жени!
  • Цена: од 4.000 до 6.000 денари од регија, во зависност од потрошените единици (units).

“BRO-TOX”: Се почесто користена процедура и од мажите!

Покрај помлад изглед, една од најчестите причини зошто мажите се решаваат за ботокс, е и кариерата. Се одлучуваат за ботокс со цел да останат конкурентни на своите помлади колеги. Или пак, кога сакаат да свртат нов лист во животот. Според американско здружение за естетичари, околу 160.000 апликации на ботокс биле направени кај мажи само во САД во 2017 година! За последните неколку години се смета дека овие бројки се за два до три пати зголемени.

ВИДЕО: Како делува ботоксот, објаснето во кратка анимација.

Тој е неинванзивен третман, минимално некомфорен. Се аплицира со многу тенка игла. Со или без анестезија, зависно од желбата на пациентот, а одредената доза се внесува на потребната регија. Самиот третман трае 10-15 минути и не бара никаква припрема ниту пак време за опоравување.

Ботоксот не само што ве подмладува туку и го замрзнува хронолошки времето

Кожата околу очите најрано, но и највидливо старее. Најчесто кога треба да процениме нечија возраст, прво ја гледаме особата во очи. На тој начин, шансата да ја погодиме возраста е најголема. Промените на лицето зависат од квалитетот на кожата, мимиките кои ги правиме, но и начинот на живот. Промените стануваат видливи веќе после 25тата година и тоа најпрво во вид на подочници поради губење на волуменот и спуштање на ткивото према образите, а потоа на страните, аглите на очите, во вид на фина мрежа на брчки наречена „crow feet“. Потоа веќе се опушта кожата на горниот капак, а секако и видливо спуштање на веѓите, кои наликуваат како обесени.

БОТОКС и ХИЈАЛУРОН треба да се сфатат како лична хигиена на лицето

Сосема е погрешено мислењето на клиентите дека првиот ботокс третман треба да се направи што подоцна. Напротив, времето за прв ботокс е токму во доцните 20ти или пак раните 30ти години кога и почнуваат да се појавуваат првите фини линии – брчки. Се започнува со помали количини. Доколку задоцните со превенција, многу е потешка корекција во подоцнежна фаза, кога брчките се поистакнати и повидливи. За ботоксот неоправдано се зборува со многу предрасуди. Воглавно, тоа го прават неинформираните луѓе или пак од слушањето на „муабети по обични фризерски и козметички салони“. BOTOX ® е одобрен од ФДА (FDA-approved) за дури 12 терапевтски процедури.

Отстранете го „намрштениот изглед“ на вашето лице! 

Ботоксот во медицината е нашироко употребуван во третмани на најразлични заболувања. Така, најпрво и оригинално бил користен во третирање на невролошки заболувања, а во естетската медицина денес се користи во одстранувањето на фацијалните линии, посебно на линиите на „намрштениот изглед“.

Ботокс третман е најшироко употребуван термин за да се опише процедура на инјектирање на пречистен препарат на ботулинум токсин тип А, производ на бактеријата Clostridium botulinum – во третман на брчки. Ботокс препаратот е одобрен во USA од FDA за естетско медицинско-козметичко користење во април 2002 година со ригорозни критериуми на контрола по безбедноста за здравјето на пациентите

Не постои ниту еден face lifting (затегнување на лицето) кој може така фино, елегантно и потполно да ги испегла брчките како ботоксот. Како магија во рок од 3-4 дена по апликацијата, ќе гледате како ви се „бришат“ брчките од челото, помеѓу носот, веѓите, околу очите и слично, а конечниот резултат е и до 10 години помлади.

Добро направен Ботокс третман е оној кој не се забележува

Наспроти најчестата реакција на заинтересираните пациенти дека лицето после треман ќе изгледа како „маска“ или „пластика“, ќе го цитираме еден професор на стручен конгрес во Париз каде главна порака беше: „Добро направен Ботокс третман е оној кој не се забележува“. Затоа, од особена важност е своето лице да го доверите на посебно едуцирани доктори или специјалисти во областа на дерматологија, хирургија или естетска медицина.

Ефектите траат од 3 и повеќе месеци

Најдобри резултати се постигнуваат кај мимичните брчки на челото и околу очите. Ефектите по протокол траат 3 месеци, но некогаш може и подолго, 4, 5, 6 месеци, а зависат од возраста, метаболизмот, мимиките и состојбата на кожата. За целиот овој период бенефитот е двоен. Имено, стареењето кое би настанало за овие +3 месеци е одложено, односно е целосно спречена појавата на нови брчки како и продлабочување на постојаните. После тој период мускулот се враќа дефинитивно во подобра и помлада состојба од предходната, загарантирано.

BOTOX: Пред да се аплицира, треба да се раствори.

Факт повеќе за ботоксот:

  • Ботоксот ја елиминира или ублажува мигрената (дури како показател дека дејството на ботоксот е намален т.е. дека е време за обнова е појавата на мигренозни болки);
  • Ботоксот исто така наоѓа одлична примена во решавањето на хиперхидрозата – зголеменото потење (под пазуви, дланки, чело);
  • Ботоксот се користи и за слабеење на мускулите на подколеното.

Времето поминува, но годините може да почекаат!

Една од најважните дилеми при избор на лекарот кај кого ќе се одлучите да правите интервенција на подмладување, е и самиот изгледот на лекарот. Вложете во себе за да траете и поправете си го вашето раположение. Немојте ништо да препуштите на случајот. Порано или подоцна, секоја жена или маж ќе сфати дека мора да вложи во себе, за да потрае. Класичните третмани веќе не се доволни, па треба да се понуди и примени дополнителна и адекватна нега за лицето да изгледа свежо, негувано и со одржан тонус. Посебно кога е во прашање изгледот и младешката убавина, бидејќи денес атрактивност се цени повеќе отколку било кога.

Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал. Цената на ботокс се движат од е 4.000 денари до 6.000 денари од регија, во зависност од потрошениот материјали (единици) односно “units”.

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Препорачуваме од најсовремени процедури до најосновните прилагодувања за долготрајни резултати. Дојдете да научите како да се борите против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular