Thursday, March 28, 2024
spot_img
домаБЕЛЕЦА ТравелЛето 2019ЛЕТО 2020: Известување за сезона 2020

ЛЕТО 2020: Известување за сезона 2020

Почитувани клиенти,

Сезоната на луксузни патувања за 2020 година ја дочекавме со непријатната состојба на пандемија, предизвикана со појава и брзото ширење на СOVID-19. Покрај веќе постојните мерки за заштита, постојат и рестрикции за патувања. Луксузните патувања кои Ла Белеца ТРАВЕЛ ги овозможува секоја година: Туција, Египет, Тајланд, Куба, Сејшели, Индонезија, Бали, Танзација, Дубаи, Малдиви, се изводливи само по специјални услови.

На најголем дел од овие дестинации, македонските државјани не се во можност да патуваат, освен при одредени случаи. За повеќе информации, контактирајте не на 070 268 009.

Реалноста создадена од појавата на COVID-19 бара мирен, ладнокрвен пристап. Согласни сме дека сегашната состојба е без преседан, но, сепак решлива. Сите предвидувања покажуваат дека ситуацијата би требало да се нормализира во наредните месеци. Затоа, ве замолуваме да бидете спокојни во врска со Вашите резервации и Ве уверуваме дека ние како и сите туристички агенции заедно со нашите партнери секогаш  настојуваме да ги заштитиме вашите интереси и права. Секако, ситуацијата останува неизвесна за сите туристички претпријатија. Сите компании поврзани со туризмот, вклучително и хотелски, се обидуваат да помогнат во решавањето на оваа состојба на најдобар можен начин.

Со почит, Ла Белеца ТРАВЕЛ. 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular