Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаfacialsХијалуронски филери: Dermal fillers

Хијалуронски филери: Dermal fillers

Дермалните филери кои се на база на хијалуронска киселина се моментално едни од најпопуларните процедури во светот на естетската и anti-aging медицина!

Брзото темпо на живот доведе до голема популаризација на кратките и брзи, но и ефикасни процедури за подмладување како што е LIQUID LIFT со хијалурон. Хијалуронските филери се во употреба повеќе од 10 години и заедно со ласерите и ботоксот спаѓаат во најфреквентните естетски процедури. Тоа се должи пред се на нивната ефикасност. За 10 минути можат да ги елиминираат брчките во целост, да го контурираат лицето, да ги пополнат усните или образите, а ефектот да е веднаш видлив. Хијалуронските филери се користат за:

  • Корекција на сите брчки на лицето: површни, средни или длабоки;
  • Ремоделирање на контурите на лицето;
  • Контурирање и освежување на усните;
  • Контурирање и корекција на нос;
  • Подмладување на вагиналната регија;
  • Пополнување и подмладување на дланките на рацете;
  • Третирање на фини линии на вратот и деколтето;
  • Корекција на подочници.

1.КОРЕКЦИЈА НА УСНИ: Носот е најистакнатиот дел од нашето лице, а со самото тоа е најизложен на туѓите погледи. Веднаш после носот, првата споредна но сепак премногу важна работа која ја забележуваме е изгледот на устата. Токму поради тоа, многу луѓе се одлучуваат на корекција на усни.

Големата популарност на хијалурионот се должи и на неговата максимална безбедност затоа што е од природно потекло. ВАЖНО Е да се знае дека тој не предизвикува алергиски реакции и нема несакани ефекти. Оваа активна компонента, кристално бистриот гел има МОМЕНТАЛЕН ЕФЕКТ.

Кога е вистинско време за филери?

Во светската стручна медицинска литература се смета дека идеално време за почеток е со првите знаци на стареење на кожата и губењето на хијалурон. Тоа се крајот на 20тите и почетоците на 30тите години, кога количините на хијалурон во кожата почнуваат да опаѓаат. Кога точно овој процес ќе се започне зависи и од генетиката, начинот на живот и личниот однос спрема себе и своето тело.

Сепак, нема долна граница на употреба! Оптимално време да се започне со употреба на хијалуронски филерии е појавата на првите фини линии (брчки) без разлика на годините. Раната детекција и превенција е полесна за корекција, дава подобри резултати кои траат долго. Дермалните филери ги „лечат“ брчките, а со третман на самиот нивен почеток, се спречува и понатамошно продлабочување кое потешко се корегира.

2.КОРЕКЦИЈА НА ПОДОЧНИЦИ: Кога ќе задоцните со превенција на подочници, време е за корекција. Како? Погледнете на видеото.

За да ја разбереме причината за појава на подочници, треба да ја знаеме основната разлика помеѓу кожата во тој предел и остатокот од лицето. Кожата во пределот под очите е многу тенка и во споредба со другите предели од лицето, не е заштитена со поткожно ткиво. Недостатокот на сон, преголемата конзумација на цигари, алкохол и кафе, се чести причини за проблеми со подочниците. Но, горенаведените две причини, последователно придонесуваат кон сите останати „проблеми“ со подочниците! Кога веќе е доцна, а подочниците се појавиле, единственото ефикасно решение е употреба на хијалуронски филери.

ЗА ДЕРМАТОЛОЗИТЕ ИНЈЕКЦИИТЕ СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА ПРЕСТАВУВААТ ОСНОВА ВО ЕФИКАСНАТА БОРБА ПРОТИВ БРЧКИТЕ.

Хијалуронот го пополнува меѓуклеточниот простор и прави мали чуда. Хијалуронот е „лековита“ супстанца за кожата. Тој со своите микродепозити во кожата ја хидрира, го одржува тонусот и ги неутрализира изразито штетните слободни радикали. Делува одвнатре на:

  • Подмладување на зрелата кожа;
  • Ја појачува структурата и цврстината;
  • Го појачува и регулира хидробалансот, еластичноста.

Ефектот на волуменот и хидратацијата е нов, сјаен, блескав и свеж изглед на кожата со чувство на вратена енергија. Тој исто така пополнува веќе настанати брчки и спречува појава на нови!

Вложете во себе за да траете – природна убавина на дофат на вашите раце!

Основата на овој кристално-бистар гел ја чини хијалуронската киселина, полисахариден молекул кој природно се наоѓа во целиот наш организам. Тој е составен дел е на многу ткива (зглобови, очни јаболчици), а дури половината од хијалуронот во нашето тело се наоѓа во нашата кожа. Во кожното ткиво хијалуронот ја врзува водата овозможувајки постојана хидратација која директно се одразува на цврстината на кожата.

Улогата на хијалуронот во еластичноста и цврстината на кожата односно во создавањето на брчки, научниците посебно ги заинтересира кога открија дека оваа компонента ја има во бебешката кожа многу повеќе него кај постарите лица! Тоа се објаснува со фактот за стареење на кожата. Клетките на кожата ја губат способноста за создавање на хијалуронска киселина поради што како последица имаме губење на влажноста, цврстината, волуменот и еластичност. Сите овие процеси доведуваат до појава на брчки.

Хијалуронот се вбризгува инјекционо преку тенка игла. Се аплицира долж брчката која треба да се пополни, а влегува во состав на сврзното ткиво. На тој начин шуплината во ткивото се пополнува, а кожата се затега.

Резултатот е моментално редуцирање до губење на брчките, а ефектот трае од 6 до 12 месеци. Сепак, резултатите се различни и зависат од староста, мимиките и состојбата на кожата. После периодот од 6-12 месеци, хијалуронот како биоразградлив гел постепено се разградува на потполно природен начин и се елиминира од организмот во облик на вода, без несакани ефекти! Состојбата во ткивото се враќа како пред третманот, но бенефитот е тоа што состојбата на брчките е подобрена и после завршувањето на ефектот на хијалуронот! Тој дејствува лековито и во одреден степен до реверзибилна корекција на брчки.

Третман со хијалуронска киселина смее да го изведува исклучиво специјалист дерматолог, авторизиран лекар, а целата постапка трае помеѓу 15-30 мин. Благата непријатност при инјектирање може да се ублажи со употреба со локален анестетик во облик на крема, па постапката полесно се поднесува. Нема несакани ефекти.

Ретки реакции од благ интензитет кои може да се јават, а се со минлив карактер се: благо црвенило, оток или модринки.

Хијалурони – нова ера на рејувенација на кожата – Од моментот кога на почетокот на овој век е регистрирани на Светскиот пазар, хијалуронските филери стана АПСОЛУТЕН ХИТ кога е збор за ПОДМЛАДУВАЊЕТО. Третманите со хијалурон потполно завладеа и застанаа рамо до рамо со до тогаш во Светот најпознатиот и најпопуларен Ботокс

3.КОНТУРИРАЊЕ НА ЛИЦЕ: Покрај апликација на усни, подочници и нос, хијалуронските филери се користат за долната регија на лицето – дефинирање на контури на брада, на образите, јагодиците, пределот околу очите, помеѓу очи, брадата и челото. Исто така се третираат и фините брчки на вратот и деколтето. Секако, индивидуалните потреби диктираат третирање на регии по желба, било да се работи за превенција на стареењето кај млади лица или кај постари. Брчките на лицето најдобро се решаваат во комбинација со ботокс – коректор на мимичните брчки на лицето. Ботоксот и хијалуронот одат заедно најдобро во комбинација.

4.ДЛАНКИ: Посебен осврт и ефект има и за пополнување на волуменот на дланките.

ВАЖНО ДА СЕ ЗНАЕ: Некому е потребен еден, а некому повеќе третмани до постигнување на целта! Но, кога еднаш ќе се постигне посакуваниот резултат, доволно е еднаш годишно да се освежува лицето со многу помалку хијалурон од оној на почетокот.

Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал. Цената на хијалуронскиот филер е 200 евра за 1ml односно цел шприц. За подочници е 250 евра за 1ml [цел шприц].

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular