Dermapen: дерматолошки метод познат и како micro-needling. Дермапен работи преку контролирано создавање на микро повреди во кожата која предизвикува цела каскада на настани кои стимулираат ослободување на фактори на раст, што предизвикуваат синтеза (продукција) на нов колаген и еластин кои пак имаат за цел да ја обноват, заздрават и подмладат кожата во горните слоеви.
DERMAPEN: Достапен во Ла Белеца центарот
Процесот на ремоделирање и резултатите се гледаат со текот на времето, а некогаш дури за само неколку дена при комбинација на оваа метода со останати anti-aging процедури како PRX-T33 или мезококтели.
Дермапенот се користи за лекување и видно подобрување на изгледот и состојбата на лице. Со различни методи се користи во комбинација за корекција или подобрување на состојбата на:
- Хируршки лузни, лузни од траума, лузни од изгореници, лузни од акни;
- Стрии на градите и телото и лабава кожа на тело;
- Затегнување на кожата, намалување на големи, проширени пори;
- Пигментации;
- Подобрување на состојбата на скалпот и косата;
- Фини брчки, пушачки брчки над усни, околу очи, чело, врат и деколте.
- ЗАБЕЛЕШКА: Подобрување и корекција на состојбата не значи и комплетно решавање на проблемот. Некаде се постигнува и комплетно решение после подолг период, но зависи од повредата!
Колку третмани со ДЕРМАПЕН се препорачува за подмладување, за акни, лузни или стрии?
- ПОДМЛАДУВАЊЕ: 4-6 третмани, еден третман на 4 недели.
- АКНИ и ЛУЗНИ: 6 третмани, еден третман на 6 недели.
- СТРИИ: 4-8 третмани, еден третман на 4 до 6 недели.
- РАСТ и РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КОСА: 6 до 12 месечен третман, а најдобри ефекти во комбинација со ПРП метода и филер за коса.
- Забелешка: третманот со дермапен може да варира во зависност од препорака на дерматологот според вашата кожа.
За оптимални резултати препорачуваме период на ефективни активни креми како витамините A, C или Resveratrol & Procyanid.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1.Дали е безбеден ДЕРМАПЕНОТ? Постапката е минимално инвазивна, а процесот на лекување е брз.
2.Дали има несакани ефекти или ризици поврзани со ДЕРМАПЕН? Несакани ефекти со Дермапен обично се губат во рок од 24-48 часа. Тие вклучуваат црвенило, пецкање, чешање и затегнатост на кожата. Тоа е нормално и очекувано и е само процес со кој кожата се прочистува од отровите.
3.Може ли третманот со Дермапен да се комбинира со хемиски пилинг на кожата? Општо земено, одговорот е ДА, и тоа може да биде добра комбинација на третмани на секои 3 недели.
4.Колку чини еден третман? Цената на еден третман е 2.000 денари. Во комбинација со останати методи може да чини помалку.
ПОСТАПКА: Постапката трае од 20 до 30 минути за целото лице. За обновување и побрзо заздравување на кожата на нашите клиенти ние секогаш користиме и третман со мезококтели за интензивна нутриција дополнети со PDT/LED светла.
Видео: Процедура на Работа и Начин на Делување
La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk