Нашето мото е секојдневно да бидеме во чекор со иновациите и истражувања за нови, ефикасни и безбедни производи со цел зачувување на убавината и младиот изглед. Нуклеофил (Nucleofill) е уште едно скалило во биореструктурирање на кожата – “the liquid lifting” односно биостимулатор на база на полинуклеотиди.
Што се PDRN, Polydeoxyribonucleotide – PDRN е природен градежен блок во вашата ДНК што помага да се поправат оштетените клетки на кожата и да се стимулира производството на колаген.
СИНЕРГИЈА НА 4 ТИПА НА СТИМУЛАЦИЈА:
- Регенерација на кожа
- Зацврстување и контутирање на ткивото
- Длабока хидратација
- Баланс помеѓу слободни радикали и антиоксиданси
Овие процеси директно ги активираат клеточните рецептори на фибробластите кои се одговорни да ги придвижат биолошките фундаментални процеси за живот на една клетка. Хидратацијата пак, започнува веќе 1 до 2 часа по апликација, а метаболичката активност во наредните 48 часа.
Подобрува васкуларизација и оксигенација, прави блокада на слободни радикали и редуцира отоци како и акумулација на хемосидерин – одговорен за темните кругови околу очите.
НЕКОЛКУ ТИПА НУКЛЕОФИЛ
NUCLEOFIL EYES: темни кругови околу очи, третман на периокуларни брчки (брчките околу очи), биореструктурирање на кожата околу очите. Nucleofill Soft Eyes е алтернатива на филер и помага за подобрување на состојбата на подочниците, фини линии и брчки околу очите, како и недостаток на волумен. Третманот е безбеден за сите типови на кожа. Се препорачува за да подобри состојба после оперативни третмани како блеферопластика, лифтинг на лице, итн. третманот се изведува со канила и игла. Цената на Nucleofill soft 1ml е 200 евра (пандан на филер).
NUCLEOFIL FACE: Алтернатива на филер, но и алтернатива на PROFHILO
Биореструктурирање на дермис и длабоко ткиво, лифтинг ефект, редукција на помали ожулци и други депресии на кожата. Nucleofill Strong е уште еден иновативен пристап кон anti-aging процедурите кои се инјектираат, специјално наменет за обновување на кожата и био-реструктуирање користејќи полинуклеотиди. Се аплицира на 5 точки на секој страна на лицето.
Nucleofill е идеален за секој маж и жена од 25 години, па нагоре, кои почнуваат да ги забележуваат првите знаци на стареење, како што се губење на волуменот и појавата на фини линии и брчки. Но, исто така е идеален продукт за сите возрасни групи кои сакаат да ја затегнат, хидратираат и подобрат квалитетот на својата кожа. Во случај на лузни од акни, третманот може да се започне на порана возраст. Цената за Nucleofill strong 1,5ml е 200 евра (пандан на Профило).
LIGHT EYES е иновативен мезо коктел од хијалуронска киселина, антиоксиданси и ботанички екстракти формулиран за деликатната област на подоцници и темни кругови под очите, но и за горни капаци со цел затегање на кожата и подобрување на еластичноста. Третманот се изведува комбинирано со игла и канила, дава извонредни ефекти. Цената за 1ml е 3000,00 денари, а се препорачува по 1ml за секое око.
Овој третман е еден вид на тераписки пристап кој ќе го освежи пределот околу очите и ќе ја зголеми циркулацијата, а на тој начин, со текот на времето ќе се создаде посјаен изглед.
La Bellezza Center Skopje, over 31 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
+389 70 222 601+389 75 222 601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje
Nucleofill, Skin, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.