Tuesday, April 23, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеЦигарите го забрзуваат стареењето на кожата

Цигарите го забрзуваат стареењето на кожата

Цигарите го уништуваат здравјето, но и вашиот физички изглед. Во медицината е прифатен терминот „лице на пушач“ (smoker’s face), кој се користи за да опише одредени карактеристики на лицето кои се последица од пушењето и се заеднички за повеќето пушачи, како брчки околу устата и очите, предвремено остарена кожа и жолтеникав тен.

Пушењето делува лошо врз организмот и може да предизвика:

  • Телеангиектазија (spider veins);
  • Дисколорација или нееднаков тен;
  • Посува кожа, псоријаза, брчки и предвремено стареење на клетките;
  • Рак на кожа (пушењето ги зголемува шансите за развивање на сквамоцелуларен карцином)
  • Исто така, коронавирусот ги напаѓа вашите бели дробови, а пушењето го намалува белодробниот капацитет.

Доколку сте пасивен пушач, работете на максимално намалување на стресот!

Стресот влијае на целовкупното здравје (well-being). Редукција на стрес е корисна како за свеж и помлад изглед, така и за здраво тело и дух. Се препорачува:

Кај луѓето на возраст од 18–64 години, физичката активност вклучува одење, танцување, градинарство, пешачење, пливање, возење велосипед, работа, домашни работи, игри, спорт или планирано вежбање, во контекст на секојдневните, семејните активности и заедницата.

Со цел да се подобри кардиореспираторната и мускулната кондиција, здравјето на коските, да се намали ризикот од НСБ и депресија се препорачува да се направат најмалку 150 минути аеробна физичка активност со умерен интензитет во текот на целата недела или да направат најмалку 75 минути аеробна физичка активност со силен интензитет во текот на целата недела или еквивалентна комбинација на активност со умерен и енергичен интензитет.

Аеробната активност треба да се изведува во периоди од најмалку 10 минути.

За дополнителни здравствени придобивки, возрасните треба да ја зголемат својата аеробна физичка активност со умерен интензитет на 300 минути неделно или да се вклучат во 150 минути аеробна физичка активност со силен интензитет неделно, или еквивалентна комбинација на активност со умерен и енергичен интензитет.

Активностите за зајакнување на мускулите треба да се прават со вклучување на големи мускулни групи во 2 или повеќе денови во неделата.

Без разлика на кој јазик зборувате, кога станува збор за цигари, има само еден одговор: НЕ! #Не #No #Non #Jo

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular