Самоизолацијата ни одзема дел од најдрагоцените работи – дружбите со пријателите и пошироката фамилија, можноста да патуваме, ноќите во нашиот омилен локален ресторан. Една работа за која мислевме дека сè уште би можеле да ја одржиме е изгледот на свежа, беспрекорна кожа. Помалата потреба за шминка, 24/7 посветеност на нашата рутина за нега на кожата, намалена изложеност на сонце и забрана за допирање на лице; се чинеше како совршен рецепт за комплетна регенерација и посвета за нашата кожа, за подобра кожа. Но дали е тоа така?

Ќе може ли некој да ми објасни зошто мојата кожа го прави апсолутно спротивното!?!? – прашува Elyssa Kostopoulos од елитниот магазин Marie Claire.

“Our skin is having a complete meltdown despite getting everything it’s ever wanted”

– вели Еиса Костопулос, уредник на магазинот Marie Claire.

Вистина дека нашиот нов #StayAtHome начин на живот поттикна подобра хигиена и нега на кожа, ни ги олесни можностите за подобар сон и вежбање. Сепак, сето тоа невидено многу влијае врз зголемување на стресот и вознемиреноста што веднаш може да ги направи реверзибилни сите процеси на „подобрување“. Затоа, иако за дел од нас овој начин на живот значеше стекнување подобри навики и можеби подобра кожа, сепак кај мнозинството, стресот врз телото и кожата е предоминантен.

Како понатаму? – главното прашање за кое е потребно професионален совет.

Анксиозноста околу безбедноста на вашето работно место, општата неизвесност и стравувањата од вирусот и финансиската загриженост може да предизвикаат промени во хормонскиот статус, а тие имаат огромно влијание врз изгледот на кожата. Особено, зголемениот стрес може да ги влоши состојбите како што се акните, розацеа, псоријаза и егзема. Општо, повеќето заболувања на кожата се влошуваат при зголемување настресот.

Во Ла Белеца центарот работиме веќе 29 години со медицинска козметологија и естетска медицина. Врвни лекари со искуство во медицинската област, тренинг и обуки од најдобрите во светот од САД, Франција, Швајцарија, итн. Секогаш први во иновативни методи во естетската медицина.

ПрепоракаЗакажете го вашиот преглед (бесплатно – само во време на кризата) и добијте стручен совет, видео едукација како и 3Д опис на секоја процедура која би сакале да ја правите. Од клеточно и микро ниво, до макро. Ве очекуваме.

Во Ла Белеца центарот работиме со високо професионална услуга во високо безбедна средина според сите препораки и мерки…

Gepostet von La Bellezza am Sonntag, 12. April 2020

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 29 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & info@labellezza.com.mk
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Skincare, Beauty, Cosmetic, Dermatology.