Friday, March 29, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеПроблеми со кожата во лето: Како да ги одбегнете?

Проблеми со кожата во лето: Како да ги одбегнете?

Summer skin problems you can prevent: American Academy of Dermatology.

Појава на осип, алергија, реакција или било какво исфрлање на кожата може да ви ја расипе летната забава. За вашите денови да се лесни и безгрижни, прочитајте и научете како да ги превенирате овие летни проблеми со кожата.

Најголем дел од проблемите на кожа се јавуваат во топлите и летни периоди. Тоа е така поради зголемена иритација на кожата од сонцето, потењето, користењето на јавни базени, бањи, итн. Ла Белеца центар ви пренесува совети од Американската академија за дерматологија: Проблеми со кожата во лето: Како да ги одбегнете?

1. АКНИ: Кога потта се меша со бактерии и масла на вашата кожа, може да ги затне вашите порите. Доколку вашата кожа е склона кон акни, затнувањето на порите значи исфрлање со акни.

Дерматолозите предлагаат следно:

  • Редовно отстранувајте ја размачканата пот од вашето тело со чиста и специјална крпа. Ова важи и за кога седите дома, но и кога одите надвор, било тоа да е до продавница па се испотите и малку или пак после неколку часовна прошетка.
  • Редовно миење на вашите алишта и никако не ги облекувајте по втор пат во текот на денот!
  • Користете продукти на кои пишува “non-comedogenic” или пак “oil free” и продукти каде што е потенцирано дека нема да ви ги затнат порите.

2. ФОЛИКУЛИТИС (Folliculitis): Секое влакно од нашето тело, расте преку специјален корен и отвор наречен фоликула. Кога фоликулите на влакното ќе се инфектираат, се развива воспаление наречено фоликулитис. Ова исфрлање е многу незгодно бидејќи изгледа како огромни осипи и исфрлања од акни по целото тело.

За да се намали ризикот од фоликулитис, дерматолозите препорачуваат:

  • Веднаш по вежбање, потење или подолга прошетка, сменете ги алиштата и туширајте се веднаш. Не дозволувајте пауза помеѓу завршувањето на вашето вежбање и туширањето за подолго од 15-20 минути.
  • Држете се на страна од бањи и таканаречени “hot tubs” доколку не сте сигурни дали нивоата на хлор и киселини се правилно иследувани. Толку многу луѓе развиваат фоликулитис од топли бањи што дури и болеста почна да се нарекува “hot tub folliculitis”.
  • Носете лесна и тенка облека.
  • Ласерско отстранување на влакна како превенција за фоликулитис! Една од најдобрите методи за решавање на сите ваши проблеми со влакната е Laser Hair Removal – во Ла Белеца центар, користиме најнов светски модел на ласер кој е а)најбрзо пулсирачки ласер б)комбинација од 3те најдобри ласери.

3. Алергија од сонце – Оваа болест односно алергија, може да се јави:

  • Доколку земате одредени лекови. Лекови кои може да предизвикаат алергија на сонце се ketoprofen, како и антибиотиците tetracycline, doxycycline, & minocycline.
  • Доколку сте сензитивни на сонце (sun sensitivity). Оваа болест најчесто е наследна.

Сепак, при ваква алергија се препорачува да се консултирате со вашиот лекар или дерматолог.

4. Изгореници: Изгорениците може да доведат и до рак на кожата. Сепак, доколку развиете ваков канцер, а сепак рано го детектирате, ќе ви биде од голема животна корист. Поради тоа, покрај редовно користење на масло за заштита од сонцеви препорачуваме да ја прочитате ABCDE скалата за детекција на рак на кожа.

5. Мелазма: За превенција на мелазма, прочитајте повеќе со кликнување тука Melasma.

6. Инфекции од маникир и педикир: Американската академија за дерматологија препорачува педикирот и маникирот да бидат правени од професионално лице за да се избегне несакана инфекција.

7. Swimmer’s ear: Кога инфектирана вода ќе дојде до вашиот ушен канал, може да се предизвика воспаление познато како пливачко уво.

За превенција на пливачко уво, дерматолозите советуваат при посета на базен да носите специјални тампони за уво додека пливате.

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular